„Јас сум горда 55-годишна милфица и доказ дека годините се само бројка. Мажите дури се плашат од мене и од мојата самодоверба“

Фран Соер, од Бејсингсток, е решена да докаже дека годините не ја дефинираат убавината. А самохраната мајка не планира да се запушти наскоро. Таа се труди да изгледа во најдобра форма додека се движи кон нејзините 60-ти.

Фран смета дека социјалните мрежи и мажите ги натерале жените – особено оние во нејзината возраст – да се сомневаат во себе. И не сакајќи да дозволи ова да се случи, таа зема инспирација од гламурозните познати личности како Керол Вордерман и Аманда Холден.

 

„Жените како Керол Вордерман и Аманда Холден изгледаат брилијантно на 62 и 52 години. Би сакала да им покажам на жените дека не треба да се откажувате, знаете? Не се откажувајте! Има многу жени на мојот Фејсбук кои толку не веруваат во себе поради менопаузата и сè. Има толку многу жени постари од 55 години, кои на моите социјални мрежи пишуваат „ох да изгледав вака“. Но мислам дека мажите го предизвикаа ова во целост“.

 

Мајката, која има 19-годишен син и 28-годишна ќерка, рече дека нејзиниот изглед и самодоверба ги заплашуваат мажите.

Таа не е во врска седум години и се жали дека нема среќа во љубовта во начинот на кој мажите ја гледаат поради нејзината возраст. Мајката дури рече дека некои претпоставуваат дека таа мора да биде модел на OnlyFans, додека други не можат да прифатат дека има 55 години.

„Сум била по барови и мажите се плашат од мене. Се што добивам е да ме зјапаат. А јас сакам да муабетам и навистина сум приземјена“

 

Фран признава дека дури ѝ тинејџери се заинтересирани да излезат со неа, но таа не е.

„Еднаш еден ме праша зошто изгледаш толку добро? А јас реков, спијам наопаку како лилјак и тој ми веруваше“.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *