„Јас сум идна мајка – Дрејк ми го откри полот на моето бебе на негов концерт и ми подари 50 илјади долари. Мојот сон се оствари!“
Познатиот рапер, Дрејк, кој има освоено музички сцени, мода и телевизија, сега може да додаде уште една необична улога на своето импресивно резиме – презентер на откривање на пол на бебе.
Австралијката Сали Сумаја добила уникатно искуство кога Дрејк го прекина својот концерт во „Род Лејвер Арена“ во Мелбурн за да објави дали таа ќе роди момче или девојче.
Сумаја и нејзината пријателка успеале да го привлечат вниманието на музичката ѕвезда со голем, рачно направен транспарент што гласел: „Откриј ми го полот на бебето!“
„Па, Сали“, рече Дрејк, откако го добил документ со резултатите. „Овде пишува дека бебето е мини Дрејк“.
Потоа додаде: „Сали ќе добие момче и 50.000 австралиски долари од мене“, што предизвика воодушевување кај неа и публиката.
Воодушевената мајка напиша во своето видео: „Мојот живот е комплетен. Те сакам, Дрејк“.
Коментирај анонимно