„Јас сум крупна девојка, но се фалам со моето тело во бикини иако луѓето ме нарекуваат КИТ“

Алекс Аспасија не отсекогаш се чувствувала удобно во сопственото тело. 30-годишната девојка, која тежи 120 килограми, порано се борела со самоприфаќање на нејзината фигура, особено затоа што луѓето често ја нарекувале „кит“. Но, сега, откако научи да ја изразува својата женственост и си ја врати својата самодоверба, таа шири порака за позитивност на телото за да им помогне на другите кои можеби се несигурни за нивниот изглед.

 

 

 

„Мој омилен стил се дводелните бикини, бидејќи тие ме прават да се чувствувам самоуверено и моќно“, изјави таа за „What’s The Jam“.

 

 

„Овие избори не се однесуваат само на модата, туку на враќањето на сопственоста на моето тело и славењето на неговата сила и убавина. Сакам сите да знаат дека заслужуваат да уживаат во сонцето и плажата исто како и секој друг. Не дозволувајте стандардите за убавина на општеството да ве кочат. Носете се што ве прави да се чувствувате самоуверено и удобно; без разлика дали се работи за бикини, едноделни костими ли кој било друг стил. Вашето тело е прекрасно такво какво што е“.

 

 

Алекс, од Мајами, Флорида, САД, претходно се најде на насловните страници, откако објави песна за жени со плус големина за да им помогне да се чувствуваат „секси“ во своја кожа.

  • nesagLam напиша:

    Китот е пограциозен, ја би рекол МОРЖ.

  • Коментирај анонимно

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *