„Јас сум професионален двојник за Џејсон Момоа – морам да се бранам од жените додека пазарувам со жена ми“

Иан Вилс, музичар од Обединетото Кралство кој стана професионален двојник на Џејсон Момоа вели дека често го мешаат со ѕвездата на „Аквамен“. Луѓето, главно жени, постојано му приоѓаат додека тој е на шопинг со сопругата. Тој дури еднаш и бил опркужен со обожаватели кои барале автограми и фотографии.

„90% од луѓето кои ме запираат на улица се жени“, изјави 52-годишниот Вилс.„ Одејќи на шопинг некогаш почнуваат да не следат и жена ми само ќе рече „Ох боже, еве уште една“.

 

 

Неговото патување започнало кога неговата тетка ја забележала сличноста со Момоа додека гледала телевизија. Оттогаш луѓето му велеле дека личи на актерот. Во 2019 година, на Comic Con, самиот Момоа ја забележа сличноста и се пошегува на тоа.

Вилс и неговата сопруга Клер Едвардс-Вилс (44) отпатувале на Comic Con во Лондон за да може да се фотографира со ѕвездата од „Dune“. Веднаш бил „нападнат“ од обожаватели кои го помешале со Џејсон Момоа

„Мојата сопруга ми плати за да се фотографирам со Џејсон. Кога влеговме, бев под опкружен од луѓе кои почнаа да ме фотографираат и да ме следат додека правам видеа, тоа беше лудо“.

 

„Кога го сретнав на минување тој само ме погледна, застана, ја наведна главата и рече „wow“, раскажува зачудениот татко на три деца. „Кога го видов 20 минути подоцна да добијам автограм, тој рече „човек, можеш да ми бидеш каскадер“. Реков „да ве молам“.

По таа средба, музичарот одлучи да стане професионален двојник на Момоа. Тој се пријавил во агенција и сега присуствува на настани и забави облечен како Момоа или Аквамен, во комплет со костим за суперхерој по нарачка.

 

За да го подобри својот изглед, тој направи тетоважа слична на онаа што ја има Момоа. Тој, исто така, го совлада гласот и манирите на Момоа, што го прави неговото имитирање поубедливо.

 

И покрај тоа што ужива во неговите свирки, понекогаш се чувствува како секогаш да ја игра улогата, дури и надвор од тезгите. Неговата сопруга, која работи како медицинска сестра, се навикна на вниманието што го добива, но понекогаш смета дека е срамно. Таа особено не сака кога луѓето сакаат да го допираат или да се фотографираат со него за време на нивните ноќни излегувања.

Но, за неа тој е само човекот што таа го сака, а не Џејсон Момоа. Таа го цени поради тоа што е, а не поради неговата сличност со актерот.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *