„Јас сум штедлива мајка и им наплаќам на другите мајки кога ги носат нивните деца кај нас дома на дружба – не гледам ништо лошо во тоа да ги поделиме трошоците!“

Штедлива мајка на две деца предизвика жестока дебата откако откри дека им наплаќа на други родители за играње со нејзините деца.

Брајана Вајмар, од Монро, Вашингтон, отиде на „TikTok“ за да го објасни нејзиниот метод.

 

 

 

33-годишната жена сподели слики од разговор со друга мајка токму на оваа тема. Гледачите останаа запрепастени – но што мислите вие?

Во клипот, кој Брајана првично го сподели со нејзините 683.000 следбеници, таа започна: „Испратив барање на „Venmo“ за 36 долари на мајката на пријателот на мојот син откако дојдоа кај нас дома на дружва – и таа ми го испрати најгрубиот одговор“.
„Значи, го испратив моето барање за надомест, а таа ми рече: „Сериозно? Ти благодарам за „гостопримството“.

„Играа видео игри 45 минути, па јас пресметав колку чини таа струја, а потоа ја поделив на два, и за мојот син и нејзиниот син. И тогаш тој го истури сокот на тепихот, па наплатив такса за чистење“.

 

 

 

Брајана наведе девет ставки за кои таа потрошила пари: сапун, сок, јогурт, струја, грицки и слично…

Клипот беше преплавен со коментари од кои повеќето не се согласуваат со нејзините финансиски барања.

Едно лице напиша: „Совршен начин да ги прекинете сите пријателства на вашиот син“.

Сепак, некои следбеници ја прифатија идејата на Бри, бидејќи едно лице напиша: „Со задоволство би платил. Но, би сакал да знам однапред за цената“.

 

 

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *