„Јас сум тапанар без раце“ – Тре Набс е роден без раце и нога, но тоа не го спречува да го живее животот до максимум

Нема определена причина зошто тој е така роден. Неговиот ден изгледа исто како и на сите луѓе само што тој ги прави работите поинаку. Сам се научил како да се мие, да се облекува, да јаде и сите работи за кои останатите луѓе не ни размислуваат како.

Исто така тој обожава да игра видео игри и ја има дефинитивно усовршено таа техника. А знае и да готви и нема проблем да ви зготви што и да посакате.

Тапаните во средно училиште навистина го промениле ставот на Тре Нуб во животот и го натерале да се потруди. Тапанирањето е она што тој сака да го прави и моментално е инструктор за тапани. Тре Нуб е ѕвезда на социјалните мрежи и им покажува на луѓето животот нема ограничувања. Тре Нуб е роден без раце и само една нога. Тре не дозволува тоа да го спречи да го живее животот во потполност и изгради огромен број следбеници на социјалните мрежи со неговите мотивациони говори и позитивниот поглед на животот. Со текот на годините Тре Нуб надмина многу пречки и продолжува да им го покажува на луѓето својот позитивен поглед на животот.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *