„Јас сум вештерка која фрли магија на бившиот на мојата другарка, за да ја спречи неговата ерекција – тоа направи чуда“

Вештерка откри како му фрлила магија на бившиот на својата најдобра пријателка и го спречила да има ерекција.

Алекса Томпсон (33) од Абердин, цел живот се занимава со вештерство, бидејќи пораснала во паганско семејство. И покрај нејзините вештерски инстинкти, Алекса била „малтретирана“ поради нејзината ексцентрична природа. Но, сега како возрасна, Алекса добро ја користи својата магична експертиза.

 

 

 

Заедно со магиите за заштеда на пари кои наводно и помогнале да заштеди 6.000 долари за шест недели за да се пресели во куќа, вештерката тврди дека најпрво се испробала со момче и неговата машкост.
Вештерката и сопственик на пекара почнала да прави заштитни магии во име на одмазда, откако поранешното момче на нејзината пријателка решило да го помине времето со својата нова партнерка, а не со своите деца, очигледно. Таа заповедала „додека не стане подобар татко, нема да може да го подигне“ и ставила мали иглички низ меѓуножјето, главата и срцето на вуду куклата. Додека Алекс ја изведувала магијата, таа ја запалила фигурата и ја оставила „поцрнетата“ кукла на неговиот праг.

Алекса верува дека мешањето во машкоста не било „проклетство“, туку заштитна магија додека се обидувала да им помогне на нејзината најдобра пријателка и нејзините деца.

И, наводно, магијата направила чуда. Поранешното момче сега троши помалку време да се дружи со својата нова партнерка и го подобрил своето однесување кон бившата и децата.
Алекса додаде: „Не би рекла дека тоа е проклетство. Би река дека тоа е заштитна магија кон мојата пријателка и нејзините деца“.

 

 

 

Уште од 2018 година, Алекса го објавува својот вештерски начин на живот и магии на социјалните мрежи. Таа собра многу следбеници на „Инстаграм“, под името @the_barefoot_witch, и верува дека нејзината најпопуларна содржина е магии за пари.
Иако вештерките биле осудувани низ историјата, Алекса мисли дека луѓето станале помалку осудувачки за нејзиното потекло и „насилниците“ од училиште сега ги сакаат нејзините услуги. Таа сподели: „Дедо ми ме научи како да се занимавам со вештерство, а моите родители и моите мали братучеди го прават истото – дури и гледаат духови“.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *