„Јас сум вештерка – поминувањето низ безбедносните протоколи на аеродром е пекол поради моите магични алатки“

Викторија Уникел (47) од Мајами, Флорида, тврди дека има магични моќи уште од детство и денес изведува ритуали за заштита и успех низ целиот свет.
Таа вели дека на свој грб ги чувствува сите непријатности кога патува бидејќи во куферот носи „чудни“ состојки за магии – вклучувајќи и шишиња со бел прав. Иако нејзиниот таканаречен опасен бел прашок е само сол, нејзината авантура започнува со доза скепса од службениците.

„Јас сум вештерка - поминувањето низ безбедносните протоколи на аеродром е пекол поради моите магични алатки“

Ритуали за заштита и просперитет, кристали и човечки череп во багажот

Викторија тврди дека уште како дете поседува магиски способности и денес посветено изведува ритуали за заштита и успех, каде и да патува низ светот. Најчесто нејзиниот багаж содржи кристали, човечки череп, црна и бела сол, разни шишиња и напивки. Секако, нејзините масла и еликсири се секогаш во шишиња од 100 милилитри, бидејќи дури и вештерките мора да ги почитуваат авионските правила за течности.

Ритуали за заштита и просперитет, кристали и човечки череп во багажот

Скенери, сомнежи и прашања: Кристалите и магиските правови секогаш предизвикуваат интерес кај контролорите

На патување во Њујорк годинава, безбедносната служба ја испрашувала Викторија поради нејзините кристали што на скенерот изгледале црни и сомнителни. „Кога им кажав дека се за баење и ритуали, беа изненадени.“ Но, по нејзиното објаснување, ѝ било дозволено да ги внесе на летот заедно со останатите мистични реквизити. „Кога ќе видат шишенца и напивки во мојата торба, секогаш поставуваат прашања“, објаснува таа.

Животната приказна на вештерка: Од детството гледа духови, семејството е полно со мистички жени, а ритуалите ја направија милионерка

Викторија тврди дека од првата година во градинка влијаела врз луѓето и нивниот говор, а на две години почнала да гледа духови. „Се исплашив, но баба ми рече дека и таа го има тоа и дека оваа способност се пренесува по женска линија во моето семејство.“ Денес таа јавно дели ритуали и лични успеси преку нејзиниот канал TheExorcista и помага на други да напредуваат. „Овие ритуали ми помогнаа да станам успешна милионерка.“

  • SSSR напиша:

    Sestro kazi kolku baras da gi izlecime obie nasi Politicari Zasto poeftinomke
    ne Fatis od Ovie 35 god sto ne kradat

  • Коментирај анонимно

    Напиши одговор на SSSR Откажи одговор

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *