Јутјубер им помогна на 1.000 слепи луѓе да си го вратат видот со плаќање за нивните операции, а нивните реакции ќе ве расплачат

24-годишниот Џими Доналдсон, попознат во светот како Mr. Beast, е Јутјубер кој тврди дека сака да го направи светот подобро место и всушност прави нешто околу тоа. За неговата последна кампања, Доналдсон избра 1.000 слепи луѓе од целиот свет и ги спонзорираше нивните операции, со што им донесе светлина во животот.

Скролајте надолу за видео

Во својата мисија да излечи слепило, се здружи со Џеф Левенсон, хирург од Флорида. Според хирургот , има доволно технологија за да се поправат половина од случаите на слепило во светот; а на повеќето луѓе им е потребна само 10-минутна операција. За жал, на повеќето од нив им недостигаат ресурси, а еве како јутјуберот се вклучи да помогне.

 

Јутјуберот и неговиот тим стапиле во контакт со засолништата за бездомници и создале листа на луѓе со катаракта на кои им била потребна операција, но не можеле да си ја дозволат. Групата дополнително се поврза со SEE International, што му помогна на Доналдсон да стапи во контакт со 1.000 пациенти од целиот свет, вклучувајќи пациенти од Намибија, Мексико, Индонезија, Бразил, Виетнам и Кенија.

Докторот исто така додаде дека луѓето не можеле да веруваат дека некој ќе им помогне и ќе ги плати нивните операции. Видеото што го постави Mr. Beast ги прикажува реакциите пред и потоа на некои од пациентите, а целата работа ќе ви ја врати вербата во хуманоста.

Покрај операциите, јутјуберот на луѓето им подарувал и пари. Подарил по 10.000 долари на луѓето на кои им биле потребни и 50.000 долари на момче за да може да продолжи со студиите и да оди на колеџ.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *