Како Цветко се одмазди на безобразниот скопски таксист (виц)
Цветко му вели на Гиго: Се сеќаваш кога пред три-четири месеци, замолив еден таксит да ме одвози до дома за 130 денари, а тој пред цело друштво ме навреди велејки “Ако си таков вошкар да немаш 150 денари за такси, оди пеш”.
Гиго: Да. Навистина беше безобразен.
Цветко : Е да знаеш, денес пред да дојдам кај тебе, му се одмаздив.
Гиго: Му се одмазди? Како?
Цветко: Го гледам, паркиран чека муштерии. Пред него паркирани пет такси возила. Влегувам во првото и му велам на такситот: „Мајсторе, може ли за 200 евра да ме однесеш на аеродром, ама во цената е вклучена и партија секс“?
Таксистот ми вели: „Излегувај надвор педеру еден пред да те растепам“.
Јас излегов. Влегувам во второто такси и го поставувам истото прашање. Па во третото, па во четвртото, па во петтото возило. Едвај се спасив од ќотек. Само, одмаздата е слатка! И така, дојдов до мојата жртва.
Влегувам во неговото такси и го прашувам: „Мајсторе, колку ќе ме чини до Лисиче?” А тој вели: „150 денари“. Јас отсечно командувам „Вози мајсторе“ – и тргнавме.
Заобиколувајки ги паркираните такси возила пред нас, на секој од возачите им испратив широка насмевка и им мафнав со ракатa.


Коментирај анонимно