Како да ги задоволиш жените (виц)
Неколку жени заминале на одмор и влегле во хотел на чија врата пишувало: „Само за жени“.
На рецепцијата ги пречекал симпатичен млад човек и им објаснил:
– Хотелот има пет ката. Одете од кат на кат и изберете го оној што најмногу ви одговара. Но, само да знаете – штом ќе се качите на повисок кат, не можете да се вратите на некој од пониските.
Жените тргнале по скалите и на првиот кат прочитале:
„Овде ќе ве услужуваат ниски и слаби мажи.“
– Ха! – рекле и продолжиле понатаму.
На вториот кат пишувало:
„Овде ќе ве услужуваат ниски и дебели мажи.“
Заклучиле дека има и подобро, па продолжиле нагоре.
На третиот кат пишувало:
„Овде ќе ве услужуваат високи и слаби мажи.“
Уште подобро, но сепак решиле да видат што ги чека на четвртиот:
„Овде ќе ве услужуваат високи и дебели мажи.“
Жените веќе биле возбудени и почнале да погодуваат каква ли убавина ги чека на последниот кат.
Се качиле на петтиот и таму нашле натпис:
„На овој кат воопшто нема мажи. Овој кат постои само како доказ дека жената е невозможно да се задоволи!“


Коментирај анонимно