Како да го обележиш детето за цел живот: Жена е безмилосно исмејувана откако призна како сака да го именува своето дете

Корисничка на Reddit, за која се верува дека е од САД, излезе на форумот за дискусија за да открие дека отсекогаш сметала дека името Кламидија е „убаво“ име за девојче. Објавата предизвика жестока реакција во коментарите бидејќи другите ја критикуваа логиката на идната мајка.

Но, што мислите вие?

 

Неименуваната жена се огласи во под-темата „Непопуларно мислење“ на Редит со објава со наслов: „Кламидија ќе направи прекрасно име за девојче“.

Во нејзиното објаснување, кое неодамна повторно се појави, таа рече: „Кламидија, дојди овде! Дали си ја заврши домашната задача, Кламидија? Само мислам дека звучи одлично. Тие треба на болеста да ѝ дадат друго име за да можеме да го користиме како име за човек“

 

 

За сите што не се свесни, кламидија е една од најчесто пријавените сексуално преносливи болести. Потекнува од бактеријата наречена кламидија трахоматис и се пренесува преку контакт, преку вагинален, анален или орален секс.

Ако не се лекува може да ги оштети јајцеводите на жената и да предизвика неплодност. Во многу ретки случаи може да предизвика неплодност и кај мажите.

И така, не е изненадувачки, не им требаше долго време на другите корисници на социјалните мрежи да се потсмеваат на предложеното име на бебето.

„Дали си нормална?“

„Од сите имиња кои можеш да му ги дадеш, сериозно ова? Зошто?“

„Ова е ќерка ми Кламидија, таа се утепа од чешање за да ве запознае“

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *