Како да се ослободите од „вејперскиот јазик“ – несаканиот ефект што ви го уништува јазикот поради прекумерното пушење електронски цигари?

Стоматолог откри како може да се ослободите од „вејперскиот јазик“ – несакан ефект што се јавува по прекумерна употреба на електронски цигари.

 

 

 

Вејпингот значително се зголеми во последните години, особено меѓу младите кои го користат како алтернатива за традиционалното пушење. Првично замислен како начин за намалување на зависноста од никотин, тоа го имитира искуството на пушење без вдишување на штетните хемикалии од тутунот.

Сепак, оваа навика брзо се прошири меѓу младите кои никогаш претходно не пушеле, што доведе до воведување на нови регулативи на пример во Обединетото Кралство, вклучително и забрана за еднократни вејпови од јуни.

 

 

 

Иако истражувањата за долгорочните ефекти на вејпингот сè уште се во тек, моментално тој се смета за побезбедна опција за пушачите. Но, тоа не значи дека нема несакани ефекти, особено ако некој често ужива во своите омилени ароми. Еден од овие ефекти е „вејперскиот јазик“.

Оваа состојба се јавува кога често вајпање доведува до привремено губење на сетилото за вкус. Стоматологот Д-р Стјуарт Бегс на ТикТок објасни: „Луѓето премногу користат вејпови, што доведува до огромен внес на никотин и силна сувост во устата, поради што во некои случаи целосно го губат чувството за вкус“.

 

@drstewartbeggs

Do you vape? You might have vaper’s tongue #vaperstongue #vape #vaping #drstewart #oralcare #vapetok #vapetongue

♬ Chill Vibes – Tollan Kim

 

 

Според „Healthline“, досегашните истражувања за „вејперскиот јазик“ се ограничени, бидејќи вејпингот е релативно нов феномен. Д-р Бони Халперн-Фелшер, професор по педијатрија на Медицинскиот факултет на Стенфорд, посочува: „Во моментов нема доволно докази за да се утврди колку е чест овој феномен и кои се неговите точни механизми“.

Д-р Бегс нуди едноставно решение: намалување или целосно прекинување со вејпинг. Дополнително, дехидратацијата може да биде фактор, па затоа е важно да се внесува доволно вода. Редовното чистење на јазикот, четкање на забите, користење конец и стругалка за јазик исто така може да помогнат.

Иако вејпингот се смета за побезбедна алтернатива, важно е корисниците да бидат свесни за можните несакани ефекти и да преземат мерки за заштита на своето здравје.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *