Како двајца скржавци од Крушево пијат ракија (виц)

Отишол Мето кај Перо на гости и муабетат што муабетат, на Мето на око му паднала ракијата што Перо ја имал, и полека вртел муабет како да го натера Перо да ја отвори.

Мето: Абе Перо убаво ние вака што си разговараме ама устава ми се исуши….
Перо : Земи вода.
Мето : Не бе вода, ракија дај гледам убава имаш.
Перо : Не можам, делена ми е со брат ми по половина.
Мето : Па добро дај од твојата половина ќе пиеме.
Перо : Не бе не може долната половина е моја.
Мето : Па дај со цевче ќе пиеме од твојата половина.
Перо : Не можам бе Мето, брат ми пат не ми дава.

 

 

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *