Како една гребнатинка на вашата тефлонска тава може да ослободи МИЛИОНИ токсични честички во вашата храна, предупредува студија

Австралиско истражување – кое користело светлосни бранови за мерење на микроскопски честички – открило дека само една пукнатина на тефлонската нелеплива тава ослободила експлозија од ситни токсини.

Полифлуорираните супстанции (PFAS), исто така познати како „засекогаш хемикалии“, се честички отпорни на лепење и топлина кои се користат за производство на милиони кујнски прибори. Во последниве години тие се поврзани со мноштво здравствени проблеми, вклучувајќи неколку видови на рак, аутизам и неплодност.

Тие се во изобилсство што една студија од 2020 година покажа дека 99 отсто од Американците имаат одредени забележливи нивоа на тоа во нивниот крвоток. Минатомесечното истражување процени дека 57.000 населби во САД се контаминирани со овој вид на хемикалии.

Истражувачите откриле дека само една гребнатинка од пет сантиметри на тефлонските тави – можеби од шпатула или лажица – ослободува до 2,3 милиони микропластични честички. Севкупно, повеќе од 9.000 токсични честички беа дисперзирани во тавата.

И покрај овие ризици, нема постоечки федерални регулативи за количината на PFAS што е дозволена да се наоѓа на површината на произведените стоки.

„Со оглед на фактот дека PFAS е голема загриженост, овие тефлонски микрочестички во нашата храна може да бидат здравствена грижа, па затоа треба да се испита бидејќи не знаеме многу за овие нови загадувачи“, рече д-р Ченг Фанг, виш научен соработник на Универзитетот во Њукасл во Австралија.

 

Истражувачите, кои ги објавија своите наоди во „Science of The Total Environment“ објавија слики кои ги добиле со техниката на светлосни бранови, за да се следи како честичките се шират и комуницираат една со друга во одреден простор. Со помош на микроскопски слики, светлосните бранови можат да следат колку честички има и како тие се движат наоколу. Милиони од овие честички беа исфрлени низ тавата, овозможувајќи им да влезат во храната зготвена на садот. Штом некое лице јаде храна контаминирана со хемикалии PFAS, тие ќе останат во телото долго време, бидејќи многу бавно заминува преку урината.

Тие се прогласени за „засекогаш хемикалии“ затоа што им треба речиси една деценија да се разградат во телото и никогаш да не се разградат во околината.

Управата за храна и лекови (ФДА) не постави горна граница за максималната количина на PFAS што е безбедно да се консумира во храната. Наместо регулативите на ФДА, истражувачите им препорачуваат на луѓето да внимаваат повеќе на видовите производи што ќе изберат да ги користат. Експертите препорачуваат да не се користат нелепливи тави, особено оние кои користат производи од тефлон.

Истражувачите предупредуваат дека изложеноста на „засекогаш хемикалиите“ во младоста може да влијае на социјалниот и физичкиот развој на детето и да влијае на однесувањето како што стареат.

Студијата на Универзитетот во Тексас минатата година покажа дека децата изложени на PFAS во матката имаат поголема веројатност да развијат аутизам. Долготрајната изложеност, исто така, може да го остави лицето на поголем ризик од рак на бубрезите, тестисите, јајниците, простатата, тироидната жлезда и коскената срцевина кога ќе достигне зрелост.

Агенцијата за заштита на животната средина (ЕПА) препорача во упатството издадено во јули дека неговите нивоа не треба да надминуваат 0,004 делови на трилион (ppt) во водата за пиење.

Неколку држави – вклучително и Мејн – исто ја забранија неговата употреба во производите, вклучувајќи облека и постелнина.

Некои стравуваат дека овие опасни хемикалии се толку распространети што се целосно неизбежни. Сиднеј Еванс, аналитичар во фирмата за застапување во Вашингтон ДЦ изјави: „Можете да се ослободите од еден производ, но нештото со кое ќе го замените исто ќе има и PFAS“.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *