Како Господ ја создал Македонија (виц)

Некогаш, пред мнооогу, многу години Господ исчезнал седум дена.
Кога се вратил, Архангел Гаврил го прашал:
– Каде бевте?
– Да знаеш само што направив таму! – гордо рекол Господ и покажал надолу кон облаците.
– Што е тоа?
– Планета. Ја нареков Земја. Ја дарував со живот и направив таму да има совршен баланс.
– Совршен баланс? Што значи тоа? – се зачудил Архангел.
– Гледај сега, ова е Европа – континент што го населив со бели луѓе. Ова е Азија. Таму населив жолти луѓе, а во Африка – црни за да има баланс. А ова таму се двете Америки – едната богата, другата сиромашна. Е, сега го гледаш ли балансот?
– Да! – воодушевено рекол Архангел и покажал на едно местенце во југоисточна Европа – а ова таму што е?
– Тоа е Македонија. Има прекрасна природа, плодни ниви, полноводни реки и блага клима. Таму живее народ вреден, паметен и способен…
– Добро, ама таму се е убаво и не гледам некаков баланс…
– Почекај само да чуеш кој ги управува!

  • коле напиша:

    koi polnovodni reki?

  • Коментирај анонимно

    Напиши одговор на коле Откажи одговор

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *