Како ќе изгледаат луѓето за отприлика 1000 години? Погледнете како изгледа „Минди“, жената од 3000-тата година, на која ја гледаме еволуцијата на технологијата преку човечкото тело

Истражувачите создадоа гротескен модел наречен „Минди“, за кој велат дека дава увид на тоа како би можеле да изгледаат луѓето за помалку од 800 години како резултат на нашето потпирање на технологијата.
„Mindy“ е создадена од „Toll Free Forwarding“ како начин да се визуелизира начинот на кој технологијата влијае на нашите тела.

 

 

„Најдовме научни истражувања и експертско мислење на оваа тема, пред да работиме со „3D“ дизајнер за да создадеме иден човек чие тело физички се променило поради постојаното користење на паметните телефони, лаптопите и друга технологија“.

Зборувајќи за „Toll Free Forwarding,“ д-р Никола Ѓорѓевиќ од „Med Alert Help“ објасни: „Начинот на кој ги држиме телефоните може да предизвика оптоварување во одредени точки на контакт – предизвикувајќи „текстуална канџа“, кој е познат како синдром на свиткани прсти на дланките.

 

Освен „текст-канџи“, луѓето би можеле да имаат и лакт со постојан агол од 90 степени предизвикан од типичното позиционирање на раката кога држат уред.

„Долгото држење на лактот свиткано – најчесто, додека го држите телефонот – може да го истегне нервот зад лактот и да изврши притисок врз него“, додаде д-р Ѓорѓевиќ.
Според моделот, часовите гледајќи надолу кон нашите телефони не само што ќе резултираат со стуткани грбови, туку и подебели вратови.

„Кога работите на компјутер или гледате надолу во вашиот телефон, мускулите во задниот дел на вратот треба да се собираат за да ја држат главата нагоре“, објасни докторот.

 

Други карактеристики што можеме да ги очекуваме вклучуваат подебел череп и помал мозок, како и втор очен капак за да се спречи прекумерното изложување на светлина.
„Луѓето може да развијат поголем внатрешен очен капак за да спречат изложување на прекумерна светлина, или леќата на окото може да биде еволутивно развиена така што ќе ја блокира влезната сина светлина, но не и други светла со висока бранова должина како зелена, жолта или црвена“, вели Касун Ратнајаке од Универзитетот во Толедо.

Минди е наследник на Ема, болната работна колешка на иднината, која беше изградена во 2019 година за да ја истакне важноста на добрите услови на работното место.

Ема беше направена врз база на интервјуа од над 3.000 вработени за нивните здравствени проблеми и грижи во текот на работењето.

Таа има трајно стуткано држење на телото, бидејќи седи со часови секој ден над своето биро, суви црвени очи од долгата изложеност на компјутерски екран и слаба кожа затоа што е со години заробена под сјајот на вештачката светлина.