„Како Левис и Спидо да добија бебе“ – Брендот Шејн ги лансираше најсмешните тексас шорцеви досега. Што мислите како стојат од позади?

На купувачите сѐуште не им се верува какви шорцеви извадија Шејн. Шорцеви кои оставаат многу малку на имагинацијата. Шорцевите не само што се пооткриени од стандардниот пар долна облека, туку се едвај поголеми од танга. Храбрите следачи на „модата“ можат да ги купат овие шорцеви за 14.95 долари.

 

 

 

Па еве што кажаа тие што се одлучија да ги купат.

„Премали се, не можам да ги затворам копчињата, ќе морам да ослабам. Исто така, немаат ликра“, напиша еден клиент.

„Изгледаат различно и се со многу повисок струк, што може да се забележи по должината на меѓуножјето, па чудно стои“, рече вториот, додека трет едноставно коментираше: „Слатко, но не и одлично“.

„Како Левис и Спидо да добија бебе“, напиша една.

Ова не е прв пат Австралијците да бидат шокирани од „едвај присутни“ шорцеви од Шејн. Шорцевите „Eilly Bazar“ беа тема на многу шеги откако илјадници реклами ги споделија на социјалните мрежи.

 

Една жена едноставно напиша „ако ова е реално, тогаш е трагично“.

„Тие не можат да се наречат шорцеви“, рече друг.

Третиот додаде: „Шорцеви за да привлечете внимание? Повеќе би рекол шорцеви за веднаш да имате секс на лице место“.

„Буквално би се изнасмеала ако видам некој што го носи ова во нешто“, рече една жена.

Други додаваат дека шорцевите „најверојатно ќе доведат до габична инфекција“.

Но изгледа дека некои мажи ги сакаат шорцевите за себе.

„Дали се достапни кај мажите? Сакам да си купам едни за одење на работа“, рече еден човек.

„Сакам пар за кога ќе го косам тревникот“, рече еден татко.

 

Што мислите вие? Дали е во ред да се промовира ваква „мода“?

  • Некој/ некоја напиша:

    Можат само да почнат да продаваат гаќи.

  • Коментирај анонимно

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *