Како Македонија да си ги врати иселениците назад дома? Полска успеа и тоа е начинот и примерот што треба да го следиме

Додека во Македонија со години слушаме исти мрачни приказни за празнење на села, стареење на градови и заминување на младите, решението кое го бараме е пред нашите очи – но не е во патетиката и носталгијата. Примерот на Полска покажува дека луѓето се враќаат не поради емоции, туку поради подобри услови за живот. Токму тоа е патот што мора да го фати нашата држава, ако сака некогаш да ги види своите иселеници повторно дома.

Како Македонија да си ги врати иселениците назад дома? Полска успеа и тоа е начинот и примерот што треба да го следиме

Економски раст и реална поддршка: Полска покажа дека високи плати и инвестиции враќаат ги луѓето, а не зборови

Во изминатите години, Полска трпеливо го градела својот напредок: економијата почна да расте, а платите се зголемија повеќекратно од 2004 година. Иако номинално пониски од западноевропските, платите таму обезбедуваат поголема куповна моќ – благодарение на пониски даноци, поевтини станови и пониски трошоци за живот. За семејствата, по завршување на месецот, остануваат повеќе средства. Полска масовно вложуваше во инфраструктура: автопати, брзи железници, модерни аеродроми и цели деловни зони. Градовите како Гдањск, Краков и Лоѓ сега се вистински европски центри. Клучно е што тие проекти се реализираа, а не останаа само на хартија.

Економски раст и реална поддршка: Полска покажа дека високи плати и инвестиции враќаат ги луѓето, а не зборови

Успешна приватизација и странски инвеститори: Како Полска го зајакна стопанството и трансферот на знаење

Полска беше внимателна со приватизацијата. Наместо да дели клучни индустрии на блиски кругови и олигарси, ги отвори за сериозни странски инвеститори. Amazon, Boeing, Lufthansa и други не дојдоа само со канцеларии, туку донесоа реални работни места, напредни технологии и трансфер на знаење. Како што зајакнаа полските компании, почнаа и самите да купуваат западни брендови. Оваа стратегија економијата ја направи помодерна и конкурентна.

Активна поддршка за повратници: Млади што се враќаат во Полска добиваат грантови наместо кредити

Полската држава ги стимулира своите повратници со конкретни мерки. Млади кои се враќаат добиваат грантови за стартапи од 20 до 30 илјади евра, без да западнат во кредитно ропство. Пораката е јасна: „Ако имаш идеја и храброст – ние ќе те поддржиме!” Социјалниот систем е строг, но фер – помошта за невработени е ниска и временски ограничена. Од друга страна, детските додатоци се солидни, што покажува дека државата сака да помага на работни семејства, а не да стимулира пасивност.

Безбедноста и јавниот ред ги враќаат луѓето: Во Полска улиците се сигурни, училиштата дисциплинирани, а институциите функционални

Многу Полјаци се враќаат во Полска од Британија не затоа што таму нема работа, туку поради чувството на несигурност, криминал и распад на јавниот ред. Во Полска, улиците се побезбедни, училиштата – пово ред и дисциплинирани, а институциите иако не се совршени, функционираат. Токму тоа враќа семејства, особено оние со деца, кои сакаат мирен и предвидлив живот.

Македонија мора да се откаже од илузиите: Повратниците не ги мотивираат чувства, туку подобри услови и здрав систем

Ако Македонија навистина сака своите иселеници да ги врати, мора да ја смени стратегијата. Никој нема да се врати само поради „недостигањето на татковината“. Првиот чекор е конкретна економска понуда: специјален даночен режим за повратници во првите години, минимална бирократија и реална поддршка за оние што сакаат да работат или отворат свој бизнис. Клучот се грантови, а не кредити. Вториот чекор – гаранции за безбедност и ред. Третиот – развиена, видлива инфраструктура, не само стратегии и слики, туку вистински патишта, железници и модерни градови. Четвртиот – дијаспората мора да се третира како партнери, а не како украс во говори. Петто – квалитетно образование и поддршка на семејството. Одлуката за враќање често не е за возрасните, туку за децата и нивната иднина.

Враќањето не е прашање на емоции, туку на систем: Полска ги врати луѓето со конкретна државна поддршка, а Македонија мора да ја научи истата лекција

Полска не ги врати своите луѓе со патетика, туку со работа, ред, можности и јасна стратегија. Македонија има шанса за ист успех – ако признае дека враќањето на младите не е емоција, туку рационално решение во предвидлив и поддржувачки систем. Сè додека пораката е само празна фраза, младите ќе заминуваат. Кога ќе се сфати вистинската лекција – ќе се случи и враќањето.

  • ….. напиша:

    Se dodeka ima lugje na zemjata, ke ima potreba od hrana. Proizveduvajte samo zelenchuci i ovoshja (pod staklenici ako treba, cela godina), i sekogash ke imate pari. Eliminirajte gi trgovcite i manipulantite. Napravete sistem kade proizvoditelot na hrana direktno ke go prodava svojot produkt do potroshuvachot, doma ili vo stranstvo. Toa harem e lesno so website i apps (AI avtomatski da preveduva na jazicite kade se prodavaat produktite).

  • Коментирај анонимно

    Напиши одговор на ….. Откажи одговор

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *