Како Македонските полицајци стануваат попаметни (виц)

Мујо продава семки од јаболка на улица.

Доаѓа полицаец и го прашува:

– Што продаваш?

– Семки од јаболка.

– А за што служат?

– Изеди една и ќе станеш попаметен.

– По колку се?

– 150 денари парче.

– Дај ми една.

Полицаецот ја јаде семката, размислува малку па вели:

– Чекај малку! За 150 денари можев да купам килограм јаболка и да добијам дваесетина семки, наместо само една!

Мујо се насмевнува:

– Ете, гледаш? Веќе почна да делува!

– Навистина! Дај ми уште две семки!

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *