„Како на мажите не им влегуваат некои работи во глава? Маж ми е интелигентен човек, па како може таков човек да нема никаков осет и до тој степен да го уништи мојот роденден?“

Една изреволтирана мајка ја сподели на платформата mumsnet својата разочараност од човекот со кој се одлучила да го помине животот. Па мажи читајте и учете како не треба!

„Пред неколку недели маж ми ме праша што сакам да направам за мојот роденден. Реков дека би сакала еден ден да се опуштам, можеби ручек или попладневен чај. Тој рече дека сè ќе биде резервирано и прескапо тој ден бидејќи исто така е празник, така што тоа беше јасно „не“.

Утринава (мојот роденден) во 6.30 часот син ми сакаше играчка што остана во автомобилот и јас побарав од маж ми ја да донесе, тој ми одговори со „зошто тоа е моја одговорност?“. Без картичка, без шолја чај, без појадок во кревет – ништо. Секоја недела правиме прошетка со кучиња и одиме во кафуле. Кафулето се отвора во 8, но настанува гужва до 9, па маж ми ме избрза порано да излеземе од дома. Маж ми отиде да фати маса, а јас да нарачам. Нарачувам исто за двајцата, но им имаше останато само едно, па нарачувам друго за еден од нас. Потоа му го кажав тоа на маж ми, а тој не дава никаква понуда јас да го земам тоа што обично двајцата го сакаме. Тој потоа веднаш се фрли на јадење, додека јас ги пазев децата. Јас не можев да ја допрам храната, а тој ја изеде својата па дури почна да јаде и од мојата. Син ми одеднаш здогледа нешто интересно надвор и се затрча, па отидов по него да го вратам. Се враќам и маж ми се жали како морал да се справува со нашата мала ќерка, затоа што била тажна дека јас сум ја оставила и сум била надвор со син ни.

Нема честитка, нема цвеќиња, нема зготвена вечера…ништо. Тој само ми кажа дека мисли дека треба да одам во теретана.

Колку е тешко за еден интелигентен, пристоен човек да купи куп цвеќиња, да пополни картичка, да свари чај и да не ме критикува ЕДЕН ДЕН во годината?

Епа нека ми е среќен роденденот!“

Многу од луѓето во коментарите кажаа дека тоа нема врска со интелигенцијата, туку дека едноставно не му е таа важна. Па што мислите вие?

  • Kule напиша:

    Hmm, I toj ima rodenden. Pokaži mu kako treba. Ako nemate pogolemo nesoglasuvanje, glejte si dečinjata I raduvajte se….Srekjen RODENDEN…

  • Коментирај анонимно

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *