Како Надим, доставувач на пица во Америка, од мигрант кој не знаел ниту збор англиски стана сопственик на 270 пицерии

Во 1991 година, Надим Баџва го напушта родниот Пакистан и заминува во САД. Тоа е неговиот прв лет во животот, преполн со страв, неизвесност и голема решителност да успее иако не зборува англиски. Почнува да се снаоѓа работејќи по неколку работи – најчесто како доставувач на пици, за минимална плата.

Како Надим, доставувач на пица во Америка, од мигрант кој не знаел ниту збор англиски стана сопственик на 270 пицерии

Сам – со три работи и без да знае збор англиски: Првата година во нов свет

Тој се соочува со шок од новата култура, осаменост и јазична бариера. Надим се издржува работејќи три паралелни работи: миење садови наутро, доставување пица попладне, и работа во Taco Bell до доцна вечер. Малите бакшиши од пицата му помагаат не само да преживее, туку и да се запише на факултет и да си плаќа школарина.

Од возач на пица до менаџер и првиот чекор до сопствен бизнис: Пресвртната точка по дипломирањето

Уште како студент, станува менаџер во познатата пицерија Papa John’s. Кога дипломира, пробува да се вработи во корпорации – но ниту една работа не носи повеќе пари од она што веќе го има. Се решава – останува во пица-бизнисот. Во 2002 година, со помош на семејството и кредит од банка, отвара своја франшиза од пицеријата Papa John’s во Охајо. Самиот го средува ентериерот, купува користена опрема и за тоа троши само 150.000 долари, што за Америка е мала сума.

Од возач на пица до менаџер и првиот чекор до сопствен бизнис: Пресвртната точка по дипломирањето

Брз успех и горчливи лекции: Кога премногу гости и нови локали носат хаос и грешки

На првиот ден доаѓаат премногу гости поради екстремно рекламирање – половина од вработените му напуштаат од стрес. Но тоа се грешки кои се поправаат. После шест месеци бизнисот веќе му цвета, отвара уште неколку локали, но пак грешка. Брзото ширење со лоши тимови носи проблеми. Во финансиската криза 2008, фирмата едвај преживува, но тие лоши искуства го учат дека скромноста, добриот тим и трпението се поважни од брз раст.

Патот до 270 пицерии и нови бизниси: Успехот расте затоа што никогаш не престанува да учи

Денес, со компанијата Bajco Group, Баџва поседува повеќе од 270 пица ресторани, а во 2024 потпиша нов договор за развој на уште 50 локали до 2028. Семејниот бизнис расте и со нови дејности: call center, градежна фирма, сметководство и информатички сервис. “Никогаш не сонував дека ќе стигнам до ова, само давам сѐ од себе и учам од грешките”, вели Надим. Сѐ започна од скромен доставувач на пица – и се претвори во американски сон.

  • Здраво љубави, поздрав од Зоки напиша:

    Ебате животот.Во трката за пари ќе го загуби здравјето.

  • Комшијата напиша:

    Незнам што го фалите овој – Зоки 1 северџански од опинок од Муртино со 3 часа школо на ден стана месија премиер најголем лажго на планетата и инвеститор на облакодери во Дубаи откако ја украде цела СР и сето тоа од тезгите по Врање и Струмица и од едно ќоше нива у Муртино.

  • Jebi ga напиша:

    Murtino e bolje od Amerika.

  • ТЕРМИНАТОР напиша:

    Америка, вечна трка по пари.
    Пакистанецот од типот опинок МУРТИНСКИ станал БОС, ама сепак останал бос во умот, затоа што многу пари носат многу стресови и многу грижи.
    Животот ќе му помине во трчање по пари, ама кога ќе ја научи лекцијата дека ПАРИТЕ НЕ НОСАТ СРЕЌА (што би рекол нашиот гение на тоа поле Ристо Крле … ПАРИТЕ СЕ ОТЕПУВАЧКА), да се вратам на Пакистанецот, кога ќе ја научи оваа лекција, таа ќе му биде и ПОСЛЕДНА лекција, дека трчајќи по пари, животот му поминал во грч стрес, грижа и дека другите по него ќе му ги трошат парите, а тој во црна земја ЌЕ СЕ ПРЕВРТУВА од бес, очај и разочарување.
    КОЈ РАЗБРА РАЗБРА.

  • Robert напиша:

    Eden stan, edna kola, edna rabota, edna žena, edno dete … moj recept za mir i spokojstvo – do 100godimi

  • Зоран напиша:

    Еве одма вакви коментари. Од вакви луге може да се научи како да се напредува во бизнисот. Читањето книги, вебинри, бесплатни он лајн лекции, предавања, семинари само ќе ве подобрат. Искрено почнав со купени материјали инсектициди и позајмив 1000 денари од братучедми за да купам рачна пумпа, но сега знам каде сум. Сеуште одам по семинари, слушам предавања, постојано сакам да читам, учам и да вложувам во себе. Престанете со правдањата вујко владика и политички партии, фатете се за работа и правете бесплатен маркетинг, давајте квалитет во услугата и направете резултати, постојано ќе ве бараат.

  • Iksiks напиша:

    Во оваа прикаска јас не верувам.Незнаел англиски А прашал да работам доставувач на пици.Како се разбрале со амерот дека сака да работи.Како разбрал каде да ја однесе пицата.,Нели треба да ги знае нивните авении,улици.Како се разбрал и сза другите раб.места.Има еден куп нелогичности.Пази тогаш и на факултет се запишал.

  • zoritoler imol напиша:

    You made some first rate points there. I regarded on the web for the problem and located most individuals will go together with with your website.

  • Коментирај анонимно

    Напиши одговор на Здраво љубави, поздрав од Зоки Откажи одговор

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *