Како најбогатите семејства на светот ги учат децата за пари? Татко на 4 деца проучил 100 мултигенерациски богати семејства и направил систем
Скот Донел поминал повеке од десет години истражувајки над сто семејства со мултигенерациско богатство. Она што го открил не е нова инвестициска стратегија, туку сосема друг систем за финансиско воспитување на деца. Тој систем е нешто кое повеќето родители воопшто го немаат слушнато.

Содржина:
- „Џепарлакот е социјализам“ – Со давање пари без причини, децата учат погрешна вредност
- Трите столба на финансиски воспитувано дете: очекувања, тезги и трошоци
- Финансиска интелигенција наместо слепа послушност: клучот кон слободата
- Подарок од љубов или подарок што го убива стремежот кај детето
- 90% од генерациското богатство исчезнува затоа што децата немаат финансиска писменост
- Започни сега: Финансиската писменост не бара возраст, туку одлука
„Џепарлакот е социјализам“ – Со давање пари без причини, децата учат погрешна вредност
Донел е директен: „Џепарлакот е социјализам.” Кога на дете му даваш ист износ пари секоја недела само затоа што постои, всушност го учиш дека парите се добиваат без труд и вредност. Истото важи и ако џепарлакот е врзан за основни домашни работи – средување соба, миење садови, извршување домашни задачи. Овие обврски не треба да се плаќаат, тие се база на семејното однесување. Како што Донел појаснува, никој вработен не се плаќа само затоа што дошол на работа, туку за она што го направил плус. Последиците од ваков пристап се долгорочни: децата растат со аверзија кон трудот и немаат претстава како вредноста се претвора во пари.

Трите столба на финансиски воспитувано дете: очекувања, тезги и трошоци
Системот кој го развил Донел по детално проучување на стотина богати семејства е едноставен. Прво – очекувањата: основни домашни обврски за кои не се плаќа (средување, помагање во домаќинството, домашно). Второ – тезгите: неограничена листа на задачи преку кои детето може да заработи (чистење гаража, миење прозори, готвење), но и мозочни тезги – читање книги и давање извештај, слушање подкаст и издeлување три поуки, преглед на фамилијарните претплати и предлози за укинување, планирање следно семејно патување. Како што вели, деца на 7 и 10 години им заштедиле на родителите илјада долари за едно патување. Трет столб се трошоците – детето станува одговорно за дел од сопствените трошоци, како нови патики или телефон. Така, децата престануваат да бараат пари – знаат каде треба да се обратат и што треба да направат ако сакаат нешто.

Финансиска интелигенција наместо слепа послушност: клучот кон слободата
Кога детето постојано бара начини да создаде вредност дома или во соседството, го менува светогледот: повеќе не се прашува „што можам да добијам“ туку „каде можам да помогнам и заработам.“ Тоа, според Донел, е најголемата финансиска придобивка што родител може да му ја даде на дете – не пари или штедна книшка, туку размислување кое ќе го води низ животот.

Подарок од љубов или подарок што го убива стремежот кај детето
Постои суштинска разлика меѓу подарок од љубов и подарок за коцкање. Првиот е подарок во пресуден момент – за свадба, нов стан, започнување ново поглавје. Тоа е поддршка, не попречување. Вториот е подарок кој го убива стремежот кај детето да создава и праќа порака дека нема потреба од труд: „Во моментот кога подарокот го уништува стремежот, тоа не е љубов. Тоа е штета.” Здравата борба не е траума – траумата е занемарување или злоупотреба. Здрава борба значи тешкотија низ која детето поминува со поддршка од родителот. Тоа му гради самодоверба, емпатија и финансиска писменост.
90% од генерациското богатство исчезнува затоа што децата немаат финансиска писменост
Статистиката вели: 90 проценти од генерациски пренесеното богатство исчезнува до третата генерација. Причината не е лошо инвестирање, туку тоа што на потомците им се оставени пари без да знаат како да се справуваат со нив. „Ако им оставиш пари на деца кои не разбираат пари, не им оставаш богатство. Им оставаш проблем.” Решението не е да не им се остават пари, туку прво да се изгради финансиска писменост – преку секојдневен систем што функционира во домашни услови, со јасни задачи и отворена комуникација.
Започни сега: Финансиската писменост не бара возраст, туку одлука
Најчестото прашање кое Донел го слуша е: „Каде беше пред 20 години?“ Но, одговорот му е секогаш ист – никогаш не е доцна. Овој систем работи за возрасни деца, за тинејџери и за најмали. Финансиската писменост не значи да станеш богат – значи да станеш слободен.

Коментирај анонимно