„Како ослабев за 30 килограми и го трансформирав своето тело за девет месеци додекa работам канцелариска работа и без да се откажам од мојата омилена храна“

Британи Мекристал од Нов Зеланд не очекувала дека нејзиниот живот ќе се промени кога почнала да работи седечка работа на 23 години, но набрзо сфатила дека нејзината некогаш активна рутина се претворила во нарачување ручеци и исцрпеност после работа.

 

Британи, како и сите нас, после работа се враќала дома, седела на каучот и гледала телевизија до спиење бидејќи немала енергија да прави ништо друго.

Британи не доручкувала. Таа јадела чипс за ужина, огромни порции храна за ручек и вечерата била проследена со сладолед. Исто така и излегувала како и сите млади луѓе и пиела алкохол со своите пријатели.

Така како што поминало времето таа сфатила дека мора да направи нешто во врска со својата тежина кога од самата помисла да се облече во бикини и да оди на плажа ја фаќало паника.

„Ја мразев помислата да се видам себеси во бикини – тоа само ме направи толку несигурна. Моите пријатели почнаа да коментираат за мојата тежина – дека сум „голема девојка“ и „не можам да правам работи што другите послаби жени можат да ги прават“.

 

Првиот обид на Британи да ослабе бил со кето диета десет месеци – но тоа само го деградирал нејзиниот однос со храната и нејзиното тело.

„Тоа ме натера да се плашам од јаглехидрати и толку да се плашам од шеќер. Но, изгубив 6 килограми за неколку недели – што беше првпат да видам такви резултати. Губењето на тоа уште повеќе ја зацврсти идејата дека јаглехидратите беа непријател и ќе ме здебелат. Сега знам дека тоа беше главно задршка на течности и стагнирав во следните девет месеци, но сите што ги знаев беа на кето и се чинеше дека им прави чуда – па се убедив дека морам да останам на таа диета“.

 

Но Британи ја прекинала кето диетата и почнала да се храни правило за веднаш да се здебели повеќе отколку што ослабела.

„Се чувствував толку исцрпено цело време и не знаев што да правам. Отидов кај лекар кој ми рече дека треба повторно да почнам да внесувам јаглехидрати во мојата исхрана, поради што се чувствував лошо. Почнав полека, а почнав и многу да одам. Моите нивоа на енергија се зголемија и имав цел да завршувам 10.000 чекори дневно. Но и тие ми беа многу па ги намалив“.

 

Британи откри дека иако не слабеела толку брзо, нејзиниот нов метод бил бескрајно поодржлив.

„Навистина помогна да правам нешто што можев да се видам како продолжувам во следните пет, десет, петнаесет години“, рече таа.

Почнала да јаде поздраво и да ги подготвува сите оброци дома – истражувајќи за дефицитот на калории и контролата на порциите.

Британи сè уште ги јаде сите нејзини омилени јадења сега, но користи замени за да се осигура дека нејзините оброци се нискокалорични и богати со протеини.

Таа откри дека сака „да ги менува работите“ на секои неколку недели за да не ѝ биде здодевно, но Британи обично го започнува денот со овес со вкус на Сникерс или печени јајца со фета и спанаќ.

„Исто така, сакам храна богата со растителни влакна како Weetbix со овошје. Моите други утрински јадења се протеински овес и мешани смути со бобинки“.

 

За ручек таа често сама си прави виетнамски ролати, пица или зачинети чинии со суши од туна. Вечерата е еден од омилените оброци на Британи во текот на денот, кој се состои од пилешки хамбургери, говедско месо и бурата њоки.

Британи посегнува по грицки како овошје, наполнети чинии со јогурт или сладолед Halo Top во текот на денот кога има потреба од благо. Таа никогаш не се откажала од чоколадото, само се префрлила на опции со помалку шеќер.

„Изгубив 30 килограми и јадев вкусна храна – многу ми е мило што никогаш не се претплатив на досадна диета со пилешко и брокула“, додаде таа.

 

Британи сподели дека нејзините нови фитнес техники ја полнат со многу енергија и живот.

„Се враќав дома од работа премногу исцрпена за да правам било што – но одеднаш имав енергија да одам наоколу, да трчам и да излегувам со моите пријатели. Кога бев на кето, никогаш не излегов да испијам пијачка, и се одрекував од се што ме натера да се чувствувам социјално изолирана. Фокусирањето на вашето здравје е помалку за барање брз лек, а повеќе за градење здрав начин на живот кој е одржлив на долг рок“.

Главниот совет на Бретани беше да започнете бавно и да сфатите што работи за вашиот животен стил. Порано одела во теретана после работа, но чувствувала дека си прави премногу притисок.

„Почна да ми изгледа како многу мачна работа, па ги прекинав вежбите во текот на денот. Сега одам на 30-минутна прошетка наутро, а потоа ја поминувам паузата за ручек шетајќи горе-долу по продавниците, а потоа одам на уште една прошетка после работа“.

Британи предупреди да не се ограничувате бидејќи тоа едноставно ќе резултира со откажување и прејадување на крајот од денот.

„Треба да уживате во процесот ако сакате да се држите до него“, рече таа. „Значи, пливајте, танцувајте, трчајте – пронајдете го она што го сакате и вклучете го во вашиот ден“.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *