Како ова мистериозно дрво преживува во арапската жешка пустина веќе 400 години?

Најосаменото дрво во светот. Некои го сметаат за остаток од рајската градина и покрај него одржуваат религиозни церемонии.

Просечната температура во Арапската пустина е 41°C. Често достигнува и до 50 степени. Километри изгорен песок, а среде оваа пуста земја – зелено бујно дрво. Ова е локална атракција, секоја година стотици туристи доаѓаат. Некои од нив сериозно го сметаат за последното растение кое останало од рајската градина.

 

Истражувачите ја утврдиле староста на дрвото – 400 години. Ама зошто е единствено во цела пустина, овде веќе научниците не можат да се договорат. Од една страна, во коренскиот систем на дрвото има многу вода, но во близина нема извори на влага. Беше направено и подземно скенирање – и исто така не најдоа течност. Од друга страна, ова растение е „Мескит“ и може да добие влага од воздухот. Но во пустината нема влага.

 

Затоа, научниците можат само да претпостават дека дрвото има огромен корен систем, кој се спушта речиси сто метри под земја и од таму собира влага. Но, зошто тогаш нема други такви дрвја во пустината е мистерија.

Но, сето ова е теорија. А дрвото на животот, спротивно на сите закони на природата, тврдоглаво стои среде жешката пустина и нема да се исуши.

 

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *