Како работат автомеханичарите кај нас (виц)
Ја носи колата Перо на автомеханичар:
– Ми капе нешто од колата, може ли да ми го проверите.
Автомеханичарот ја отвора хаубата, гледа 15 минути и му вели:
– Проблемот е во ова цревце овде, поправката ќе те чини 3.000 денари.
– Аве како 3.000?! Па ова дури не е ни работа за автомеханичар!
– Ако не е работа за автомеханичар што не си го смени сам?
– Добро, еве ти 100 денари, дај ми едно цревце, сам ќе си го сменам.
Му дал автомеханичарот цревце и Перо си отишол.
Следната недела ја носи Перо пак колата кај автомеханичарот, но сега со шлеп служба:
– Абе ти какво цревце ми даде?! Го сменив и сега колата не пали, почна да чади!
Автомеханичарот му одговара:
– Е па ова сега е работа за автомеханичар. 3.000 денари.

Коментирај анонимно