Како се подготвуваат мечките за зимата? Запознајте го Чанк, кој лапна 45 лососи само за 10 часа и не планира да застане тука

Огромната кафеава мечка по име Чанк од Националниот парк Катмаи во Алјаска станува сè поголема додека се подготвува за хибернација. Неодамна, Чанк помина 10 часа ловејќи риби и изеде неверојатни 45 лососи за еден ден. Ова го направи еден од главните кандидати за „Неделата на дебели мечки“, годишен настан каде луѓето се обложуваат која мечка ќе биде најдебела пред зимата.

 

Еден лосос содржи околу 4.000 калории, што значи дека Чанк изел околу 135.000 калории само за еден ден. Мајк Фиц, поранешен ренџер во паркот, проценува дека Чанк моментално тежи околу 550 килограми, и сè уште има време да натрупа уште повеќе килограми пред да започне хибернацијата.

Мечки како Чанк јадат колку што можат повеќе во ова време од годината за да натрупаат масти.

 

Ренџерите од паркот објаснија: „Дебелите мечки се здрави, успешни мечки, со доволно масти за да преживеат долга и тешка зима. За време на хибернацијата, мечките нема да јадат или пијат и ќе загубат третина од својата телесна тежина. Нивното преживување зависи од тоа колку масти ќе складираат пред да влезат во своите дувла.“

Националниот парк Катмаи е дом на повеќе кафеави мечки отколку луѓе и има некои од најголемите и најздравите популации на лососи во светот. „Дебелите мечки покажуваат колку е богата природата во Катмаи и Бризол Беј, Алјаска,“ додадоа ренџерите.

„Неделата на дебели мечки“, која се одржува во почетокот на октомври, е онлајн настан организиран од Парк сервисот и explore.org, каде што луѓето можат да видат колку многу мечките натрупале тежина откако месеците ги поминале јадејќи лососи.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *