Како се трансформираа низ годините едни од најубавите жени во Светот. Дали отсекогаш биле баш најубави?

Според Златниот сооднос на убавината, Ања Тејлор-Џој, Бела Хадид и Маргот Роби се меѓу првите десет најатрактивни жени во светот.

Сепак, овие ѕвезди не секогаш изгледале вака. Најдобрите холивудски производи за нега на кожа, шминка, стилисти и фризери помогнаа да се подобри нивниот изглед. Фотографиите пред и потоа покажуваат како овие актерки и модели се трансформирале низ годините. Некои познати личности признале и дека подлегнале на пластична операција или други естетски зафати.

Златниот сооднос, математичка равенка од Грците, ја мери убавината и ја користел Леонардо Да Винчи во неговиот Витрувиски човек. Па ајде да ги разгледаме првите 10 најубави жени според оваа наука и нивните трансформации низ годините. Исто така колку процентуално се доближиле до совршената убавина според науката.

 

1. Ања Тејлор-Џој – 94,6%

27-годишната актерка е специфична поради нејзините карактеристики налик на мачка кои со текот на годините ги потенцираше.

 

 

 

 

2. Зендаја – 94,37%

27-годишната Зендаја е позната убавица, но сепак се гледа дека и таа не промашила да поправи нешто на лицето.

 

 

3. Бела Хадид – 94,35%

Бела Хадид (27) призна дека го има операирано носот и не жали за тоа. Но, дали има само тоа оперирано?

 

 

4. Маргот Роби – 93,43%

Таа е поздравена како една од најубавите жени во Холивуд. А Маргот Роби (34) сигурно ја задржа титулата, но дали со првата слика е доказ дека ако има пари секој може да биде убав?

 

 

5. Сонг Хје-кјо – 92,67%

Јужна Кореја е позната по глобално почитуваната нега на кожата, козметиката и дотерувањата, па не е ни чудо што јужнокорејската актерка Сонг Хје-кјо (42) успеа да постигне трансформација.

 

 

6. Бијонсе – 92,4%

Бијонсе е втората најстара жена на листата и сè уште изгледа неверојатно додека се приближува до нејзиниот 43-ти роденден во септември. Но сепак, неверојатниот изглед доаѓа со некои поправки нели?

 

 

7. Тејлор Свифт – 91,64%

Тејлор Свифт (34) со текот на годините стана глобална икона, па не е ни чудо што при рака го имала најдобриот тим за шминка и фризура.

 

 

8. Жанг Зији – 91,51%

Кинеската актерка Жанг Зији се прослави со филмовите „Crouching Tiger, Hidden Dragon“ и „Rush Hour 2“ и е најстарата ѕвезда на листата со 45 години.

 

 

9. Алија Бат – 91,14%

Боливудската ѕвезда Алија Бат (31) ги воодушеви светските екрани со своите гламурозни појави – но и требаше време за да го постигне својот најнов шик изглед.

 

 

10. Назанин Бониади – 90,89%

44-годишната Назанин е прекрасна актерка од Блискиот Исток, која е родена во Техеран во Иран.

 

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *