„Како што ви кажав уште во студиото вее снег, не знам зошто ме донесовте на ладново можевте само да го снимите снегот“
Човекот за временска прогноза им кажа два збора на своите колеги, а богами и на сите гледачи. И да е режирано сепак има навистина добра поента.
„Не знам зошто треба да стојам на ладново и да ви објаснувам како паѓа снег, прилично самообјаснувачко е. Потрошив илјадници долари за диплома за да дојдам тука, да погледнам наоколу и да треба да ви ОБЈАСНАМ што гледам. Тоа го научив уште во градинка. Исто така си помислив и дека кога е убав и сончев ден никогаш не ме праќате покрај некое езеро или базен за да видиме како е, туку не, леле има ураган, или снег или поплава, е тогаш прати ме и ќе ја покријам јас веста СОВРШЕНО!“

Во куси ракави..
Коментирај анонимно