Како вчера да беше: 17 факти од поп-културата кои биле малку поодамна отколку што вие си мислите!

Сигурно секој од нас барем еднаш помислил дека колку повеќе старееме, толку побрзо и ни лета времето. Како вчера да беше кога завршивме училиште и матура, а денес сме возрасни чичковци и тетки во деловни одела. А серијата што ја гледавме во младоста е веќе стара повеќе од четврт век.

Ние денес решивме да ве потсетиме на настаните кои, ни се чини, се случиле пред не толку дол временски период, а всушност се случиле пред повеќе од десетина години.

1. Кејт Мидлтон и принцот Вилијам се венчаа пред 11 години

2. Првата книга за Хари Потер излезе пред 25 години, а филмот пред 21

3. 2015 година каква што е прикажана во филмот „Враќање во иднината“ е веќе 7 години зад нас

4. „Титаник“ годинава полни 25 години

5. Премиерата на серијата „Пријатели“ се случи пред 28 години

6. Првата сезона на „Игра на тронови“ се емитуваше пред 11 години

7. „Dirty Dancing“ е стар 35 години

8. Хитот „Wannabe“ на групата „Spice Girls“ е излезен точно пред 25 години

9. „Гангнам стајл“ прослави 10 годишнина

10. Играта „Тетрис“ е стара 38 години

11. Филмот „Scream“ наполни 26 години

12. „Ѓаволот носи Прада“ е стар веќе 16 години

13. „Телетабиси“ би наполниле 25 години

14. Првиот дел од „Шрек“ излезе пред 21 година

15. Даниел Крејг прв пат го играше Џејмс Бонд пред 16 години

16. Ѕвездите од „American Pie“ се подготвуваа за матура пред 23 години

17. Ако имате повеќе од 33 години, сте живееле во исто време со Салвадор Дали

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *