„Калуѓерки и свештеници гледаат порно на интернет“, признава Папата, предупредувајќи: „Ѓаволот навлегува на тој начин“

„Свештеници и калуѓерки гледаат порно на интернет“, признава папата Франциско, додека зборуваше на еден семинар во Рим во понеделникот.

Папата Франциско рече дека интернет порното е „порок“ што го споделуваат членовите на црквата.

 

 

„Тоа е порок што го имаат многу луѓе, многу лаици, многу неранимајковци, а исто така и свештеници и калуѓерки“, рече 85-годишниот Папа.
„Ѓаволот навлегува во нив на тој начин. И не зборувам само за криминална порнографија како онаа што вклучува злоупотреба на деца, тоа е веќе дегенерација. Но, порнографијата е малку „нормална“, продолжи тој.

Тој ги предупреди свештениците и монахињите, велејќи: „Драги браќа, внимавајте на ова“. Папата ја даде изјавата во понеделникот.

На католичките свештеници и калуѓерки им е забрането да гледаат порнографија, при што Катехизмот ги дефинира сексуалните слики како „прекршок против целомудрието“ според член 2354.

Во 2020 година, преку „Инстаграм“ профилот на папата Фрањо се чинеше дека тој „лајкува“ жестока фотографија на бразилска бикини манекенка облечена во чорапи и трегери.

 

 

Манекенката Натали Гарибото рече дека потврдениот профил на понтифот Франциско е меѓу илјадниците на кои им се допаднала сликата од 5 октомври.
Но, профилот подоцна го тргна „лајкот“ на фотографијата, непосредно пред Ватикан да соопшти дека започнува истрага.

„Барем ќе одам во рајот“, се пошегува таа по инцидентот што го насочи вниманието на социјалните мрежи.

Раководството на бразилската манекенка соопшти дека Гарибото „добила официјален благослов од папата“.

 

  • Zoki Poki напиша:

    – Ja otkkri Amerika… Kolumbo se vikase papaava?

  • Коментирај анонимно

    Напиши одговор на Zoki Poki Откажи одговор

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *