КАМ воведува самонаплатни каси, збогум бескрајни колони на чекање

Македонскиот трговски синџир КАМ започна со воведување самонаплатни каси, со цел да им овозможи на потрошувачите побрзо и поефикасно плаќање без долго чекање во редови.
Новата услуга им овозможува на купувачите сами да ги скенираат производите, да извршат плаќање и за пократко време да го завршат купувањето.

КАМ воведува самонаплатни каси, збогум бескрајни колони на чекање

„Скенирајте, платете и заштедете време!“

Од компанијата посочуваат дека ова е уште еден чекор кон модернизација на услугите и подобрување на искуството на потрошувачите.
Еве го нивното соопштение:
„Од денес, вашето пазарење во КАМ добива ново искуство! Со задоволство ве известуваме дека започнавме со воведување на самонаплатни каси – нов начин на плаќање што е брз, едноставен и практичен. Уште еден чекор со кој го унапредуваме вашето искуство при пазарење во нашите маркети. Скенирајте, платете и заштедете време!“

„Скенирајте, платете и заштедете време!“

Првите каси се поставени во Центар, Ѓорче Петров и Кисела Вода

Услугата веќе е достапна на три локации:
• КАМ Центар (K CENTAR, BUSINESS & RETAIL) – ул. Св. Кирил и Методиј бр. 3
• КАМ Ѓорче Петров (K MALL) – ул. Ѓорче Петров бр. 22
• КАМ Кисела Вода (K RETAIL) – ул. Христо Татарчев бр. 47В

  • Кик напиша:

    Колку е само “спремен” нашиот менталитет да ги ужива предностите на оваа “слобода”

  • Коментирај анонимно

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *