Камион пропадна во новоасфалтирана улица во Охрид

Камион пропаднал на улицата „Аџи Мустафа“ во Охрид, на дел кој неодамна бил реконструиран и асфалтиран, јавуваат локални медиуми.

Инцидентот се случил на улица која била опфатена со инфраструктурен проект реализиран минатиот месец. Според информациите, асфалтирани биле околу 4.800 квадратни метри, а вредноста на зафатот изнесувала повеќе од 130 илјади евра.

По случувањето реагираа од СДСМ Охрид, од каде обвинија дека наместо безбедна и функционална улица, граѓаните добиле „раскопан хаос“ по неколкумесечните градежни активности.

Засега нема официјални информации за причините поради кои дошло до пропаѓање на камионот.

 

Смеењето е најслатко кога е на своја сметка. Дознајте какви несекојдневни работи се случуваат во секојдневниот живот на Македонците на каналот Македонски несекојдневни ситуации. Испратете своја смешна слика или видео овде.