Канадскиот премиер Трудо отиде во ресторан во Ванкувер и му се одјаде кога виде колку граѓаните „го поддржуваат“
Речиси 100 полицајци беа повикани да се справат со 250 пропалестински демонстранти кои го опколија ресторанот во Ванкувер во кој вечераше канадскиот премиер Џастин Трудо во вторникот вечерта, соопшти полицијата во средата.
Трудо е под притисок на палестинските поддржувачи да се заложи за прекин на огнот во војната меѓу Израел и Хамас.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, обраќајќи му се на Трудо во објава на социјалните мрежи, рече дека „силите на цивилизацијата мора да го поддржат Израел во поразот на варварството на Хамас“.

Коментирај анонимно