Giving Friday како симбол на солидарност: Благодарение на вашата помош, dm донира 559.342 денари за набавка на пакети со храна за социјално загрозени сограѓани, дистрибуирани преку хуманитарната организација ,,Свети Спас“
Седма година по ред, dm дрогерие маркт успешно ја спроведе својата иницијатива „Giving Friday“, претворајќи го денот на најголемите попусти во ден на дарежливост и солидарност. На 29 ноември, со поддршка на своите верни купувачи, компанијата успеа да собере импресивни 559.342 денари. Овие средства, кои претставуваат 5% од вкупниот дневен промет од сите dm дрогерии, …





























