Македонски несекојдневни ситуации

Дали знаевте дека во ѕидовите на Горна Порта во Охрид се вградени антички надгробни споменици

Еден од најпознатите влезови во стариот дел на Охрид крие слоеви историја што не се затворени во музеј, туку стојат на отворено, вградени во самите ѕидини. Во каменот на Горна Порта има автентични антички надгробни споменици, сведоштва од времето на Лихнид. Камени блокови од античкиот Лихнид завршиле во средновековните утврдувања При изградбата и обновувањето на …

Македонски спортисти со Даунов синдром се балкански шампиони во фудбал

Фудбалскиот тим „Карпошово“, составен од спортисти со Даунов синдром и лесна интелектуална попреченост, го освои првото место на Балканското првенство во фудбал. Ова не е само спортски резултат, туку победа што носи порака за упорност, еднакви можности и место за секое дете на теренот. Содржина: Од 2 до 4 октомври во Софија златниот пехар заврши …

ФБИ со честитка до македонската полиција за акцијата во тетовско

Американското Федерално истражно биро (ФБИ) ѝ упати официјална честитка на македонската полиција за успешното откривање и приведување на администраторот на нелегалниот онлајн пазар „ОЛВХ“ (OLVX). Според истрагата, преку повеќе од 1.500 сметки таму се нуделе и продавале украдени лични податоци и пристапни кориснички профили. Содржина: 20-годишниот Е.А. од Голема Речица осомничен дека со години водел …

Повторно забележана мечка кај училиштето во гостиварското село Добри Дол

Жителите на Добри Дол, гостиварско, во Општина Врапчиште, се вознемирени откако мечка по вторпат била забележана на улицата во близина на основното училиште „Сали Лиси“. Според информациите што ги пренесуваат локалните жители, присуството на дивото животно е регистрирано и на снимки од безбедносните камери. Повторното појавување на мечката во истото подрачје предизвикува загриженост, особено поради …

На пет години заминал од Битола, а сега ќе глуми во хорор-филм на Нетфликс: Крис Петровски дел од нов проект на Гиљермо дел Торо

Од битолските улици до филмските студија во Холивуд се протега животната приказна на Крис Петровски, актер роден во Битола кој постепено го гради своето име во американската филмска индустрија. Неговата нова улога го носи во продукција што ја поврзува неговата кариера со едно од најпрепознатливите имиња во современиот хорор и фантастика жанр. Содржина: „Буковски ливади“ …

Со огномети и петарди го пречекаа Артан Груби од затвор

Со огномет, петарди и запалени факели, десетици поддржувачи го пречекаа поранешниот вицепремиер Артан Груби во скопски Чаир на 13 октомври. Груби излезе од куќен притвор откако истече законскиот рок за оваа мерка. Тој е обвинет во случајот „Државна лотарија“, поврзан со наводни злоупотреби од околу 9,7 милиони евра. Иако повеќе не е во куќен притвор, …

Охрид чува музичко богатство старо речиси 1.000 години: Ракопис од времето кога денешните ноти не постоеле

Во време кога денешните музички ноти сè уште не постоеле, во византискиот свет веќе се создавал систем за запишување на црковното пеење. Еден од ретките зачувани сведоци на таа музичка писменост денес се наоѓа во Охрид, во збирката на НУ Завод за заштита на спомениците на културата и музеј – Охрид. Содржина: Охридскиот стихирар бр. …

Вака изгледал Охрид пред 163 години: Ретки фотографии од далечната 1863 година

Како изгледал Охрид во далечната 1863 година? Одговорот го откриваат 11 ретки фотографии кои го зачувале изгледот на градот од пред повеќе од еден и пол век. Во време кога фотографирањето било сложен процес што барал посебна опрема, знаење и трпение, овие кадри овозможуваат автентичен поглед кон некогашниот Охрид. Содржина: Јозеф Секељ патувал со експедицијата …

Тајната на една од најубавите куќи во Охрид: Зошто на резбарите им било забрането да си ги гледаат рацете?

Во срцето на стариот Охрид се издига една од најубавите куќи на македонската староградска архитектура — Куќата на Робевци. Зад нејзините препознатливи прозорци, раскошни тавани и резбани украси се крие приказна за богатство, европска трговија, пожар и едно необично правило меѓу мајсторите што ја граделе. Содржина: На 15 април 1827 бил завршен новиот дом на …

Странец тврди дека најквалитетната Кока-Кола во светот се произведува во Македонија: „Ова го велат и од самата компанија!“

Инаку, Пивара Скопје во 2009 година добила меѓународно признание од Coca-Cola за највисок квалитет на производството, врз основа на резултатите од 2008 година, издвојувајќи се меѓу повеќе од 170 фабрики ширум светот.

Спиете ли мирно штипјани: Во Велес направија џиновска пастрмалија од 4,4 метри

На годинашната Велешка питијада беше подготвена џиновска велешка пастрмалија, долга рекордни 4,4 метри. Од нејзината хуманитарна продажба беа собрани 15.400 денари. Шест до седум часа подготовка, 12 минути на маса Питата била изедена за само 12 минути, иако за нејзината подготовка биле потребни шест до седум часа. Средствата од продажбата ќе бидат наменети за набавка …