Македонски несекојдневни ситуации

Во Скопје веќе ни на тротоар не си безбеден: Три девојки на еден тротинет удриле жена

Фотографијата е направена на Илинденска, а според објавата, девојките наводно удриле жена додека се возеле, по што таа паднала и ја изгребала раката. Тротинетот очигледно решиле да го користат како градски автобус.

Пред македонските мајстори и боговите молчат: Вака се прават надворешни скали кога сакаш да заштедиш место

Секундарна придобивка од овој генијален дијзан е што не мора да плаќаш архитект, директно градиш. А клучната придобивка за газдата е што цел живот мора да внимава на килажата, затоа што ако се опушти, дома нема да може да си отиде.

Брзата помош во Македонија има најбрзи возила, само јави се на 194 и немај гајле

Ова објаснува многу работи, зошто се толку бавни, зошто немаат капацитет да дојдат на секој повок итн. Да се насмееме малку, инаку секоја чест за човекот кој и покрај својот професионален ангажман, работи и втора работа. Тоа што Итната Медицинска помош не функционира е сосема друго институционално прашање, овде само вака се погоди. Автор на …