Мотика таленти

Дедото ближи до 100-ката, но штом вака си го носи фрижидерот на мајстор, рано му е за предавање!

Ваква цврстина и виталност на стари години не се постигнува со седење на телефон, компјутер или пред ТВ. Поработете на својот активен живот, а дедово нека ви биде мотивација. Кога тој може, па вие ли не можете?!

Косење на тревникот како газда! На странецот му текна она што на нашите претци им текнало пред стотици години :)

На ваков начин нашите претци на гумно со коњи, магариња или волови го вршеле житото жнеано на рака. Животните ги газеле снопјата движејќи се во се потесен и потесен круг со што ги одделувале зрната од сламата.