Мотика таленти

До каде отиде лудилото за кликови: Инфлуенсери си прават фотосесија во брза помош додека пациент чека на носилка

Требало да ги лекуваат од терминална глупавост. Калифорниски инфлуенсери станаа мета на потсмев на интернет откако беа снимени како си прават фотосесија во возило на брза помош додека пациент добивал медицинска помош. На снимката, која масовно се прошири на TikTok и Reddit, се гледа маж во бела облека како позира на носилка со цигара во …

Кој рече дека за отворен пат треба автомобил? Во Младо Нагоричане е доволен тротинет и дебели живци на останатите возачи

Електричните тротинети одамна не се само градска глетка. Овој возач е снимен во Младо Нагоричане како си тера по отворен пат, со автомобили зад себе и заштитна ограда покрај коловозот. Сејф Сити чекаат да возиш 3 повеќе од дозволеното и да те казнат, но ниедна камера не го гледа тротинетов и да го казни?

Некој направил „мала“ замена во суд на Фиџи: 40 килограми кокаин станале брашно

Речиси 40 килограми кокаин, чуван како доказ за голем судски процес за дрога во Фиџи, бил украден од судница, а најголемиот дел бил заменет со брашно, објавија локалните медиуми. Случајот ја отвори една од најчувствителните теми во оваа јужнопацифичка туристичка дестинација: борбата со се посилниот прилив на наркотици. Содржина: Кокаинот вреден околу 30 милиони локални …

Во Скопје веќе ни на тротоар не си безбеден: Три девојки на еден тротинет удриле жена

Фотографијата е направена на Илинденска, а според објавата, девојките наводно удриле жена додека се возеле, по што таа паднала и ја изгребала раката. Тротинетот очигледно решиле да го користат како градски автобус.