Кантри суперѕвездата Лук Комбс го прекина концертот за да им врати 140 долари на две деца од публиката, откако го прочита транспарентот што го носеа!

Кантри суперѕвездата Лук Комбс им врати пари на две деца кои ределе дрва за огрев за да заработат доволно пари за да го видат на концерт во Мејн.

Бо Фендерсон (12) и неговиот пријател Танер, во петокот вечерта држеле транспарент на шоуто во Бангор за да му кажат на Комбс за нивната напорна работа, дека заработиле доволно пари за да ги платат билетите.

Натписот гласел: „Заработивме 100 долари со редење дрва, купивме две билети за Лук Комбс. Човече, добро звучи“.
„Нашите татковци рекоа дека е губење време, но не беа во право. Денес ми е 12-ти роденден, о Господи, кога врне истура“

Пејачот (32) го забележал знакот на шоуто „The Middle of Somewhere Tour“ и го прочитал пред публиката.
Потоа седнал на страна на бината и рекол: „Во ред, имам прашање за сите вас“.

„Колку беа вашите билети? 100 долари? Дали заработивте 100 долари? 200 долари? 100 долари по парче? О Боже, имам само 140 долари сега. Ќе ти донесам уште малку“.
Откако им дал 140 долари од својот џеб, тој им се потпишал на капите и ги поканил двајцата да се дружат со него зад сцената по шоуто.

Бо во изјава за телевизија рекол: „Се молев тоа да се случи. Се надевав. Се молев и тоа се случи“.

Неговата мајка Дезире рекле дека кога дознале дека Комбс е на турнеја во Бангор, веднаш сакале да одат, но сакале да им одржат лекција на момчињата за заработка.
Се чини дека лекцијата е научена како што рекол Танер: „Напорната работа се исплати“.

Советот кој Комбс им го дал на децата бил: „Двете најважни работи во животот се напорна работа и добрина“. Децата рекле дека пејачот бил одличен пример за скромен човек.

Како надополнување на неверојатната љубезност на Комбс, тој во саботата и врати пари на целата публика, откако имал проблеми со грлото.

Тој продолжил да го свири целиот концерт, но се погрижил и секој човек од публиката да си ги врати парите.

  • Aleks напиша:

    nothing but RESPECT !!!

  • Коментирај анонимно

    Напиши одговор на Aleks Откажи одговор

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *