Катастрофално предупредување од религиозен лидер: Комета ќе ја уништи Земјата до крајот на 2025 година и ќе биде „последниот ден на овој свет“

Провокативната и загрижувачка најава доаѓа од Пакистан, каде што контроверзниот духовен водач Риаз Ахмед Гохар Шахи тврди дека Бог испратил комета која ќе ја сотре Земјата, како казна за тоа што човештвото се оддалечило од вистинските духовни вредности. Според ова пророштвo, крајот на 2025 година може да значи крај на целиот наш свет.

Катастрофално предупредување од религиозен лидер: Комета ќе ја уништи Земјата до крајот на 2025 година и ќе биде „последниот ден на овој свет“

Во својата книга ‘Религијата на Бог’ од 2000 година, Шахи напиша: „Комета е испратена кон Земјата за целосно уништување. Се очекува кометата да падне на Земјата во следните 20-25 години. Тоа ќе биде последниот ден на овој свет.“

Според следбениците на Движењето Месија Фондација Интернешнл (МФИ), кометата ќе предизвика катастрофални земјотреси, цунами и општествен колапс. Тие тврдат дека ова божјо судење е директна последица од моралниот пад на човештвото и постојаните војни поттикнати од нуклеарното оружје.

И покрај алармот, НАСА и други вселенски агенции не најавија никаков објект кој се заканува да ја погоди Земјата пред 2026 година. Неколку комети и астероиди, меѓу кои и Апофис, беа отстранети од листата на ризични објекти.

Само година дена по објавувањето на книгата, во септември 2001 година, Гохар Шахи мистериозно исчезнал во Лондон. Сепак, неговите следбеници и денес веруваат дека духовниот водач, кој денес би имал 84 години, е жив и се крие.

 

Мистериозното исчезнување на Риаз Ахмед Гохар Шахи по објавувањето на пророштвото

 

„Дел од кометата веќе падна на Јупитер, пред две години. Научниците го знаат тоа и планираат да се населат на Месечината или на друга планета пред кометата да го погоди светов“, пишува во книгата. Единствената важна колизија на Јупитер пред излегувањето на книгата беше со Шумекер-Леви 9 во 1994 година.

Во сржта на учењата на Гохар Шахи се идејата дека вистинската духовност лежи во божествената љубов, како универзална сила што ги обединува сите религии. Тој ги спојува суфизмот и исламската есхатологија, фокусирајќи се на крајот на времето и судбината на душата.

Гохар Шахи предизвика контроверзија меѓу ортодоксните муслимани тврдејќи дека е очекуваниот Имам Мехди, вратениот Исус Христос и хиндуистичкиот Калки Автар, што беше наречено богохулство. Во Пакистан биле поднесени обвиненија за богохулство и воведена забрана за неговите книги и организации во 2000 година.

Пророштвото повторно стана популарно по ширењето на лажни најави за библскиот Рапчур кој наводно требаше да се случи на 23 септември. Предвидувањата на Јужноафриканскиот пастор Џошуа Мхлакела ги натераа дел од верниците да ги продадат сите свои имоти, уверени дека ќе исчезнат од Земјата за да го избегнат Судниот ден.