„Ќе плаќам само за тоа што го јадам“. Жена од Флорида откри дека ги отсекува стеблата на брокулата во продавница СКРИШНО, за да плаќа помалку кога ја мери
Една итра купувачка откри дека го отсекува вишокот од производот што нема да го користи за да заштеди пари кога производот е на мерење.

Меја Картер (41) од Флорида, минатата недела стана вирална на „TikTok“ откако објави видео на кое ги откинува стебленцата од брокулата и ги фрла назад во купот зеленчук пред да ја измери.
„Не плаќам за овие, па само ги вадам и ги фрлам“, објасни таа. „Ќе платам само за тоа што ќе јадам“.
Клипот е прегледан повеќе од 5,3 милиони пати и илјадници луѓе се собраа во коментарите за да ги споделат своите размислувања.
Критичарите ја нарекоа „евтина“ и ја исмејуваа нејзината стратегија за заштеда на пари.

„Ова е причината зошто секогаш ги лупам компирите во самопослуга“, напиша еден корисник на „TikTok“, додека друг се пошегува: „Направете го тоа неколку пати и ќе си дозволите куќа!“
Други тврдеа дека стебленцето е најдобриот дел и ѝ понудија рецепти да ги проба.
Но, и покрај сето тоа што го доби Меја, имаше обожаватели кои ја поздравија како „генијална“ нејзината идеја и едвај чекаа сами да пробаат.
„Од сега па натаму го правам тоа“, вети едно лице.


„Чекај, дозволено ли е ова?“ коментираше друг.
Што се однесува до оние кои тврдеа дека е непочитување да ги фрли стеблата назад во купот, еден „собирач“ на намирници инсистираше дека тоа не е голема работа.
„Навистина не ни пречи! Некој друг ќе ги сака за супа“.
Меја, која го научила трикот од нејзината баба, во следното видео покажа како ги отстранува стеблата од брокулата.
Ако се доволно долги, ги скине, но ако се пократки, ќе извади џебен нож и ќе ги отсече деловите што сака да ги отстрани.
„Само ги оставам овие во продавницата“, рече таа. „Сите можете да го правите тоа“.

sekade ima moznost da se kupi samo cista brokula bez steblo, ama cini poveke, ovaa saka da se ebe ama nejke da i vleze, jas vaka ne bi i prodal, i ke gi vratam nazad, pa neka se zli kaj saka,
a sto zastedi, 30-40 centi, a ispaga degenerik
Коментирај анонимно