Кејти Прајс ги зголеми градите по 16-ТИ ПАТ! Пластичен хирург предупредува дека е опасно и ги открива застрашувачките последници што може да ги има

Шеснаесеттата работа на градите на 45-годишната Кејти Прајс во обид за „најголеми гради во Британија“ е означена како „опасна“ од познатиот пластичен хирург д-р Марк Соломос.

Експертот ги откри застрашувачките последици што би можеле да произлезат од постојаното зголемување на градите.

 

Д-р Соломос изјави дека тоа може да довдеде до инфекција, скината кожа, невообичаена опуштеност, па дури и нарушено снабдување со крв во нејзините гради.

Велејќи: „Според мене, Кејти има зависност од естетска и пластична хирургија и ова може да биде опасно. Нејзиното 16-то зголемување на градите е непропорционално со нејзиното тело и изгледа неприродно. Очигледно ова е изгледот кој таа го сака, а нејзината пластична операција е синоним за нејзиниот бренд и публицитет. Главното прашање со повторените операции на дојката, а особено со толку големите операции е истегнувањето на мекото ткиво на дојката што го опкружува и покрива имплантот“.

 

„Во овие ситуации може да се појават бранувања, изложени импланти, проблеми со чувството на птоза [невообичаено опуштање], оштетување на мускулот доколку се користи за покривање на имплантот. Секоја понатамошна операција ги зголемува шансите за инфекција на имплантот, а снабдувањето со крв во дојката е нарушено“.

 

Кејти Прајс пред операциите

Тој продолжи дека ако е доктор на Кејти, би ја одбил за операција.

„Веројатно би се согласил да оперирам за да ја направам помала и за тоа најверојатно ќе биде потребна процедура за подигнување, но тоа е само ако таа вети дека тоа ќе биде крајот на операции на градите“.

Пред да заклучи: „Можеби има причина зошто таа се оперира во странство, бидејќи можеби тамошните хирурзи гледаат на краткорочната финансиска добивка игнорирајќи ги долгорочните импликации за

пациентите“.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *