Ќерамидите – најсигурен избор за покрив отпорен на екстремни временски услови
Нестабилноста и поизразените временски непогоди стануваат сè почести, па така, за жал, големото невреме што ги погоди населените места низ Македонија предизвика голема штета на многу објекти, особено на покривите.
Првата одбрана на домот и на човекот од временските непогоди е токму покривот. Тој мора да биде особено издржлив при изложеност на екстремни услови, а евентуалната штета би требало да може да се поправи што е можно побргу и поповолно.

На пример, глинените ќерамиди се имаат покажано како најсигурен избор кога е во прашање заштитата од непогодите како силни ветришта, бури, град и обилни дождови. Природниот материјал од кој се направени е исклучително отпорен и проверено добро одговара на ударите на силните налети на ветер. Секако, глината од која се направени ќерамидите мора да биде висококвалитетна, за ќерамидите да ги имаат посакуваните својства.
Ќерамидите Tondach, кои ги произведува „Винербергер“, доаѓаат со дури 33 години гаранција, што во производството не остава простор за никаква грешка или недостаток на материјалот. Со изборот на таквата ќерамида можете да бидете сигурни дека сте го избрале најдоброто за својот покрив или дом.

Иако правилно прицврстената ќерамида може да издржи удари на ветер и посилен од 150 km/h, можно е по непредвидени околности да се оштетат неколку ќерамиди, но притоа настанатата штета е минимална, особено во однос на лимените покриви кои често знаат да паднат во целина и да го остават поткровјето целосно изложено на доджот, а поправката е долготрајна. За ќерамидата постапката на поправка е многу полесна и побрза – ако воопшто и дојде до оштетување.
Со дополнителната системска опрема Tondach, која меѓу другото вклучува и покривна паропропусна фолија, снегобрани, заштитна решетка за птици, закопчувалки за ветер и вентилациски ќерамиди, може да се постигне отпорност на покривот и при најсилни удари од бура, при која брзината на ветрот е и до 210 km/h (за споредба, брзината на ветрот што на 21 јули покоси многу покриви во главниот град и низ целата држава, беше 130 km/h). А и традицијата на градењето во Македонија учи дека ќерамидата била и останува најдобар избор – и за бура, и за снег.

Затоа, немојте да се плашите од хидрометеоролошките предупредувања – за новоградба или за реновирање, изберете Tondach ќерамиди кои ќе ви дадат чувство на сигурност, гаранција за долготрајност и изолација со која невремето може и да не го слушнете. Големиот избор на бои и модели е соодветен за секој проект и вкус, а просторот за живеење ќе ви биде исполнет без страв дека сигурноста при јако невреме ќе ви биде загрозена.

Коментирај анонимно