Ќерката на Стив Џобс стана манекенка и направи провокативна фотосесија
22-годишната ќерка на Стив Џобс, Ева ја започна својата манекенска кариера, позирајќи за козметичката марка Glossier. На својот Инстаграм профил таа сподели разголени фотографии каде позира во када прекриена само со пена. Влажна коса, црвен лак, полуголо тело – вака се појави најмладата ќерка на основачот на Apple пред камерата, освојувајќи ја индустријата. Ева е најмалата од четирите деца на покојниот Стив Џобс. Таа студира на Универзитетот Стенфорд. Во исто време, Ева навистина ќе мора сама да заработува за живот. По смртта на Стив Џобс во 2011 година, неговата сопруга, славниот филантроп Пауел Џобс, стана наследничка на претприемачот. Нејзиното богатство се проценува на 27,5 милијарди долари. Пауел за „Њујорк Тајмс“ изјави дека нема да им дава пари на своите деца. Жната се спротивставува на социјалната нееднаквост и смета дека е неправедно мала група на луѓе да поседува богатство што може да се спореди со големината со комбинираниот приход на милиони други. Вдовицата на основачот на Apple ќе потроши сè во добротворни цели.










Животот не е целосен доколку не е зачинет со малку еротика. Разбудете ги вашите чувства со жешките но и комични и драматични моменти на каналот Еротика.
