Ким Кардашијан сака да нѐ потсети дека има пари: Се пофали дека поседува 129 Баленсијага чанти, дали знаете колку е тоа во долари?
Ким Кардашијан во вторникот ја покажа својата колекција чанти од Баленсијага во нејзиниот плакар за чанти во нејзината вила во, Калифорнија, вредна 60 милиони долари.
43-годишната ѕвезда позираше во собата со неколку преполни полици со чанти.


Таа кажа дека мислела дека има вкупно околу 130 чанти, а потоа продолжи да ги брои и верувале или не, има 129! Значи колку погоди, браво Ким!
Секоја чанта чини околу 3.000 долари, а ако има 129, тоа значи дека во собата имало производи вредни речиси 400.000 долари. Тоа е отприлика просечната цена на еден дом во Соединетите Држави.

Ова доаѓа откако таа беше критикувана од обожавателите откако откри дека станала амбасадорка на Баленсијага, една година откако брендот се соочи со контроверзии за реклама со деца и предмети од садо-мазо.
Ѕвездата го објави своето партнерство со етикетата, предводена од креативниот директор Демна Гвасалија, во понеделникот.

Мајката на четири деца претходно одби да ги прекине врските со модната куќа, но рече дека е „потресена и згрозена“ од сликите што предизвикаа бурни реакции против брендот.
Откако го објави нејзиното ново партнерство, многу фанови останаа разочарани од одлуката и возвратија на нејзината изјава, во која таа напиша дека нејзиниот однос со брендот е изграден на „посветеност да го прави она што е правилно“.

„Од сите брендови, таа мораше да го избере оној со наводи за злоупотреба на деца. Но, не сум изненадена…“ напиша едно лице, додека друго ја нарече „лицемерка“ додавајќи: „Парите се сè што ѝ е важно“.

Sto bi rekle starive kaj nas..Zbesnata E
Коментирај анонимно