Кина најави изградба на нов тип железница, кадешто возовите ќе ЛЕВИТИРААТ над шините. Ние до кај сме?

Кинеската компанија „Т-Флајт“ објави дека се подготвува за изградба на нов тип на железница која ќе им овозможи на возовите да се движат со просечна брзина од 1.500 до 2.000 км/ч.
Проектот наречен „Maglev Hyperloop“ се заснова на технологија за магнетна левитација (maglev), која го елиминира отпорот на воздухот и триењето, дозволувајќи им на возовите да левитираат над шините.

 

 

Возот ќе се движи по специјално дизајнирана пруга опремена со моќни магнети кои создаваат магнетно поле што го турка возот нагоре. Покрај тоа, возот ќе патува низ тунел кој е делумно или целосно без воздух за да се минимизира аеродинамичниот отпор.

„Т-Флајт“ планира да ја заврши изградбата на брз железнички тунел од Пекинг до Вухан, долг околу 1.200 километри, до крајот на деценијата. Изградбата ќе започне на крајот на 2026 година, пред да се изврши понатамошна фаза на тестирање на пруга од 60 километри, што ќе му овозможи на возот да достигне брзина од 1.000 km/h.

 

 

Доколку се спроведе, проектот ќе направи револуција во железничкиот транспорт, намалувајќи го времето на патување помеѓу Пекинг и Вухан од сегашните 5 часа на 1 час. Ова ќе отвори и нови можности за развој на трговијата и туризмот во регионот.