Кинески стартап претстави роботски коњ што навистина може да се јава

На Светската конференција за роботи 2026 во Пекинг, кинескиот стартап DaxAI го покажа „Cyber Horse“ — четириножен робот што посетителите не само што можеа да го гледаат, туку и да седнат врз него и да го пробаат.

Кинески стартап претстави роботски коњ што навистина може да се јава

Возрасни посетители седнаа на седло поставено врз мешавина од мотор и огромно роботско куче

Видео снимки што се шират на социјалните мрежи, како и фотографии на Reuters, покажуваат луѓе како се качуваат на необичната машина и ја возат низ изложбениот простор. Движењата на роботот се уште се прилично нагли, но јасно е дека нема голем проблем да се движи по подот со возрасен човек врз седлото.

Возрасни посетители седнаа на седло поставено врз мешавина од мотор и огромно роботско куче

За разлика од CGI концептот Corleo на Kawasaki, Qiji X1 изгледа како производ што веќе добива форма

Ова не изгледа како уште една технолошка фантазија без вистински уред зад неа. Сличен концепт за роботски коњ, наречен Corleo, веќе развива Kawasaki Heavy Industries. Но, освен речиси целосно компјутерски генерирано промотивно видео, јавноста се уште не го видела во работа.
Моделот на DaxAI, „Qiji X1 All-Terrain Intelligent Mount“, од друга страна, делува многу поблиску до производство.

 

 

Носи до околу 300 килограми, се движи до 9,7 километри на час и има досег од околу 40 километри

Според достапните податоци, роботскиот „коњ“ има максимална носивост од 300 килограми. Може да се движи со брзина до 9,7 километри на час, а рекламираниот досег му е околу 40 километри.
Според описот објавен од државниот весник China Daily, уредот може самостојно да се движи низ сложен терен — од стрмни падини и чакал до кал.

„Го претвора AI од софтвер во машина што навистина може да се јава“

„Создаден за премиум теренска рекреација, тој го претвора AI од нешто што постои само во дигиталниот свет во машина од реалниот свет што навистина може да се јава“, стои во описот.
Освен за рекреативно возење надвор од патишта, замислен е и за пренесување тешки товари преку нерамен терен, како помош при итни спасувачки операции и за други намени.

Се уште не се знае кога четириножниот моторен коњ ќе се продава надвор од Кина

Не е јасно кога DaxAI ќе го пушти во продажба својот четириножен моторен коњ, бидејки компанијата, според написот, не изгледа дека има веб-страница насочена кон западната интернет-публика.
Исто така, не се знае колку навистина е способен на нерамен терен, наместо на совршено рамен, покриен изложбен под. Но, и покрај тоа, станува збор за впечатлива изведба на идеја што ги користи многуте лекции научени од роботската индустрија при развојот на четириножни роботи низ годините.

„Го имавме превозот без коњ, сега го имаме коњот без коњ“

Новиот начин на превоз има и иронична страна, особено ако се земе предвид што заменува, како што забележаа корисници на интернет.
„Ова е вторпат коњот да биде направен застарен од технологијата“, се пошегува еден корисник на Reddit, мислејки на пронаоѓањето на автомобилот пред повеќе од 100 години.
„Го имавме превозот без коњ, сега го имаме коњот без коњ“, додаде друг.
Повеќе за роботски коњи: роботскиот коњ на Kawasaki влегува во производство.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *