Кинескиот ѕид претрпел многу војни и борби, но не можеше да го издржи багерот на двајца МРЗЕЛИВИ работници. Погледнете како Кинезите „решаваат“ културно наследство што ќе им се најде на патот!

Неодамна, двајца кинески работници беа уапсени затоа што „непоправливо“ оштетиле дел од Кинескиот ѕид, со тоа што го пробиле со тешка машинерија за да создадат пократок пат.
Кинескиот ѕид, една од ретките вештачки градби видливи од вселената, бил изграден во текот на неколку векови, почнувајќи од третиот век п.н.е. Долгите делови од џиновската структура постојат и денес и се заштитени како наследство, но тоа не спречи двајца работници едноставно да го урнат делот што им се најде на патот.

 

 

 

Двајцата осомничени, 38-годишен маж и 55-годишна жена, работеле во близина на погодената област и биле уморни од тоа што морале да шетаат околу ѕидот за да стигнат до нивната дестинација. Тие решиле да го прошират јазот во вековната градба така што ќе пробушат со својот багер веднаш низ неа.
Откако добила пријава за оштетување на ѕидот, полицијата на провинцијата Шанкси ги следела трагите што ги оставил багерот директно до двајцата осомничени, кои на крајот признале дека ја прошириле постојната празнина во Кинескиот ѕид за да му дозволат на нивниот багер да помине низ. За жал, оштетувањето на ѕидот било опишано како „ненадоместливо“.

Оштетениот дел од Кинескиот ѕид е далеку од обновените области кои обично се гледаат на фотографии и ги посетуваат туристите, но сепак е дел од светското наследство на УНЕСКО. Сега низ него минува земјен пат…

 

 

„Во моментов, двајца осомничени се приведени во согласност со законот, а истрагата за случајот е во тек“, објави кинеската CCTV.

Иронично е што древна градба која постои со векови и играла централна улога во успехот на неколку кинески династии, не можела да преживее двајца работници кои биле премногу мрзливи да шетаат околу неа.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *