Кога гајда и рап ќе се спојат: Урнебесниот дочек на Снуп Дог на аеродромот во Глазгов

Снуп Дог доби вистински шкотски пречек кога слета на аеродромот во Глазгов пред неговиот концерт во градот.

 

 

Раперот (51) само што слегол од авионот, го пречека неговиот хит од 1999 година Still DRE свирен на традиционална гајда до страна на вистински Шкотланѓанец.

Снуп се појави пресреќен од пречекот кој го опиша како „врв“ и подигна палци пред да ги покаже своите танцови движења на асфалтот.

 

 

Пајпер Рос Ејнсли, кој исто така беше облечен во килт, изјави за „Глазгов во живо“: „Тоа беше многу кул искуство! Имав само еден ден за да го научам тоа, но беше лесно и премногу забавно“.

На Инстаграм, еден обожавател напиша: „Никогаш не сум се чувствувал толку горд што сум Шкотланѓанец“.

 

Се очекува Снуп да направи вистинско шоу во Глазгов, откако во Австралија приреди големи спектакли.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *